сабота, 15 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Косана Мазнева | 16 резултати

Инспекторатот утврдил дека директорката на Комунална хигиена незаконски ги потпишала отказите на работниците

25 јули 2023

Државниот инспекторат за труд (ДИТ), по поднесената преставка од вработените во јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје, донел инспекциска мерка со која менаџментот на претпријатието се задолжува да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор, соопштија синдикатите ССМ и СУТКОЗ. […]

Мазнева не пријавила ниту во МВР ниту во обвинителството дека вработени земале плата, а не оделе на работа

14 јули 2023

Ниту во Министерството за внатрешни работи, ниту пак во Јавното обвинителство нема евидентирани кривични пријави, во врска со лицата за кои директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Мазнева-Николиќ, изјави дека живеат во Германија и Швајцарија, а земаат плата од Комунална хигиена. Мазнева ова го изјави на заедничката прес-конференција со Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје, […]

Градот чист пак ќе никне – во Скопје полека се чисти отпадот [галерија]

11 јули 2023

Некаде чисто, а некаде сè уште валкано. Вака изгледа Скопје денеска, по еколошката драма што ја доживеа, откако вработени во ЈП Комунална хигиена – Скопје речиси четири дена не го собираа сметот поради штрајк, со барања за повисоки платите, исплата на К-15 и добивање бенифициран стаж, но и барања да се вратат на работа отпуштените […]

Мазнева: Заврши работата со мафијашките структури, „Комунална хигиена“ е повторно во функција

10 јули 2023

Директорката на ЈП „Комунална хигиена“, Косана Мазнева-Николиќ на денешната прес-конференција рече дека „успешно се справиле со мафијашките структури кои не дозволувале ниту еден вработен да ги извршува своите задачи и дека сега ситуацијата е ставена под контрола“. Со висок тон се обрати градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која ѝ даде поддршка на Мазнева, велејќи […]

Ѓубрето може да донесе бактериски инфекции, трихинелоза и стаорци

10 јули 2023

Еколошката катастрофа која му се заканува на главниот град може да предизвика бактериски инфекции и болести, велат експертите додавајќи дека бактериите уште полесно се размножуваат на високи температури од над 38 степени кои се најавени за овој период. Како што објаснува микробиологот проф. д-р Никола Пановски, ваквата состојба ќе придонесе и кон енормно размножување на […]

Случајот „Комунална хигиена“ на виделина го извади сето ѓубре

10 јули 2023

Во целосен хаос и блокада помина викендот во главниот град, откако вработените во „Комунална хигиена“ почнаа протести и не го чистеа ѓубрето, Скопје почна да наликува на депонија, а надлежните институции топката, преку политички препукувања, си ја префрлаа едни на други. Вработените во „Комунална хигиена“ и вечерва се пред јавното претпријатие и протестираат, барајќи оставка […]

Се собира ѓубрето од здравствените установи, протестот во „Комунална хигиена“ ќе продолжи до оставка на Мазнева

9 јули 2023

Вработените од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска донеле одлука да го соберат ѓубрето од скопските болници и поликлиники, но се децидни дека нивниот протест ќе продолжи сѐ до оставка на директорката Косана Мазнева, јави Порталб.мк. Тие излегоа на терен и почнаа да го товараат ѓубрето од Специјалната хируршка болница „Св. Наум Охридски“ кај […]

По ноќешниот протест на кој Мазнева со полиција „ги молеше“ работниците да работат, денеска почнува чистењето кај болниците

9 јули 2023

Директорката на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, околу 1 часот ноќеска, со полициска асистенција, побара од работниците што штрајкуваат да излезат и да си ја вршат работат. Тие, пак, едногласно одбија да работат пред да им бидат исполнети условите, известува Порталб.мк, чиј новинар ноќеска беше во кругот на јавното претпријатие, близу Топлана „Исток“ […]

Скопје се гуши во ѓубре, вработените протестираат, Мазнева се жали на закани по живот [галерија]

8 јули 2023

Директорката на Комунална хигиена, Косана Мазнева-Николиќ, денеска свика итна прес-конференција за да објасни зошто Скопје деновиве буквално се гуши во ѓубре, откако дел од вработените излегоа на протести, бидејќи на дел не им биле продолжени договорите за работа, а тие дополнително бараат и покачување на платите, бенефициран стаж и исплата на К-15. Тие реагираат дека […]

Нема да го собереме сметот додека не се вратат на работа отпуштените колеги, велат вработени во Комунална хигиена

8 јули 2023

Вработените во Комунална хигиена во Скопје вчера вечер протестираа во знак на револт кон раководството бидејќи, како што велат, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. Како што рекоа, сè додека нивните колеги не се вратат на работа и не […]

Вработените во Комунална преку предупредувачки протест ги бараат своите права, Мазнева им повикала полиција

8 јули 2023

Група вработени во Комунална Хигиена – Скопје, се обратија до редакцијата на Порталб.мк за да пренесат дека директорката Косана Мазнева не ги зема предвид нивните барања за преговори за покачување на платите, исплата на К-15 и бенефициран стаж и поради ова тие најавуваат протести. Според нив, наместо да ги покани на состанок, директорката повикала полиција. […]

ЗНМ: Реизборот на Цветковски за директор не оди во прилог на реформите на МРТ

14 февруари 2018

Здружението на новинари на Македонија смета дека резиборот на Марјан Цветковски за директор на Македонската радио-телевизија не оди во прилог на реформирање на јавниот сервис и неговото ослободување од политичка контрола, се вели во реакцијата на ЗНМ. Од таму додаваат дека „изборот на Цветковски е резултат на силниот притисок што врз членовите на Програмскиот совет […]

Страна 1 од 1