fbpx

Русија со нов бран напади со беспилотни летала врз Кијив

Украинските власти ја обвинија Русија и за употреба на касетна муниција во напад врз цивили, во кој загинаа две лица

-

Русија започна нов бран напади со беспилотни летала врз Кијив, соопштија регионалните власти утринава, a украинските власти ја обвинија Русија за употреба на касетна муниција во напад врз цивили, во кој загинаа две лица, меѓу кои едно дете, објавуваат странските медиуми.

„Сите воздушни цели беа навремено откриени и уништени на пристапот кон Кијив од страна на силите за воздушна одбрана“, рече Серхи Попко, шеф на градската воена управа на Киев.

Засега не се евидентирани информации за жртви или штети како резултат на нападот, но според Попко, сè уште се утврдуваат точните детали за какви било последици од нападот во текот на ноќта.

Не е познато колку беспилотни летала лансирала Русија во Кијив во овој последен напад.

„Алармот траеше три часа. Непријателот користеше ирански беспилотни летала Шахед. Ова е шести напад со беспилотни летала врз главниот град овој месец“, рече Попко.

Павло Кириленко, гувернерот на источниот украински регион Доњецк, утрово изјави дека зголемен е бројот на жртвите предизвикани од нападот врз градот Костијантинивка што се случи вчера.

„Две лица, вклучително и 10-годишно момче, беа убиени, а седум други, вклучително и четири деца на возраст меѓу 5 и 12 години, беа ранети во гранатирањето на бреговите на локалната акумулација каде што луѓето се капеа“, рече Кириленко, додавајќи дека во нападот врз цивили била користена касетна муниција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...