АНАЛИЗА: За четири години државата треба да врати 2,3 милијарди евра по основ на еврообврзници

Следниве години за отплата ќе “тропнат на врата“ стотици милиони евра само по основ доспеани еврообврзници

-

Јавниот долг годинава и догодина ќе биде во пораст. Наспроти досегашните проценки, новите покажуваат дека годинава и јавниот и државниот долг ќе бидат во пораст, а овој тренд ќе се одржи и во 2024 година. Следниве години државата треба да исплати стотици милиони евра само по основ на доспевање на еврообврзници, пишува Порталб.мк. Освен од странство, ќе се бараат заеми и на домашен пазар – преку граѓански, зелени и проектни обврзници.

Лимитот за јавен долг од 60% надминат

“Со цел да се задржи нивото на јавниот долг во одржливи рамки, без притоа да се наруши фискалната одржливост, се утврдува лимитот на вкупниот јавен долг на среден и долг рок којшто не треба да надмине ниво од 60% од БДП“ – ова го пишува во новообјавената Стратегија за управување со јавен долг.

Наспроти вака утврдениот “плафон“, бројките покажуваат дека и годинава и догодина јавниот долг ќе изнесува повеќе од 60 отсто од БДП. Министерството за финансии, како што објави Порталб, стокми нови ревидирани проекции за растот на економијата, за инфлацијата и за јавниот долг кои се вовед во септемвриски ребаланс на буџетот.

Годинава, според објавените податоци, ќе заврши со јавен долг во износ од 7,7 милијарди евра при што скоро 66 отсто од долгот е кон странски кредитори.

Следниве години за отплата ќе “тропнат на врата“ стотици милиони евра само по основ доспеани еврообврзници. Во јули со средства од новата еврообврзница во износ од 500 милиони евра, се исплатија 450 милиони евра за еврообврзницата издадена во 2016 година. Но, следниве години ќе треба да се раздолжиме и по основ на други еврообврзници.

„Среднорочните проекции прикажани во оваа стратегија покажуваат дека јавниот долг ќе го надмине максималниот праг од 60% во периодот 2023-2025 година, но како резултат на мерките на фискална консолидација, од 2026 до 2028 година се предвидува повторно враќање во пропишаните рамки под 60% од БДП. Движењето на јавниот долг на среден рок ќе бележи умерен раст до 2024 година како резултат на последиците на кризата, а потоа, во периодот од 2025 година, преку мерките на фискална консолидација се очекува намалување на нивото долгот“, се наведува во новообјавената Стратегија.

Не само со заеми од надвор, буџетските потреби и натаму ќе се финансираат и со внатрешни задолжувања. За прв пат во јули беше издадена граѓанска обврзница но во најава е и издавање на зелена обврзница. Конкретно, во најава се нови “извори“ за обезбедување на заем од домашни кредитори, банки, осигурителни друштва, пензиски фондови, на кои сега им се приклучија и граѓаните. Така освен граѓанската обврзница, се подготвуваат и:

  • Зелени обврзници – ќе бидат употребени за финансирање нови и/или постојни зелени проекти. За разлика од постојните обврзници, зелените обврзници ќе се користат само за инвестициски проекти или за зелен развој и ќе бидат наменети за капитални расходи
  • Проектни обврзници – предвидени за капитални инвестиции со кои инвеститорите ќе ги вложат своите финансиски средства во капитални и инфраструктурни проекти.

Во исто време, се очекува и раст на заемите гарантирани од државата за инфраструктурни проекти – годинава до максимален износ од 250 милиони евра.

“Гарантираниот јавен долг во период од 2024 до 2028 година се очекува да има благ пораст во 2024 година, понатаму од 2025 година се очекува стабилизација и намалување на гарантираниот долг на 5,6% од БДП во 2028 година“, наведуваат од Министерството за финансии.

Заклучно со првиот квартал од годинава, јавниот долг изнесува 8,2 милијарди евра, што претставува 57,5 отсто од БДП.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...