fbpx

Во период на топлотен бран, собната температура треба да биде 25 степени

„За поголема ефикасност и економичност на ладењето, треба да се излади една или две соби наместо цела куќа или стан“, велат во ИЈЗ

-

Идеална собна температура во текот на денот е 21 степени Целзиусови, а во текот на ноќта 18. Но, во период на топлотни бранови најдобро е собната температура да се одржува на околу 25 степени, посочуваат одговорните во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Овие денови времето е многу топло, а за денеска се најавува дневна максимална температура од 40 степени Целзиусови, додека за утре – 42.

ИЈЗ апелира во периодот од 10 до 17 часот цврсто да се затворат прозорците и да се спуштат завесите, односно надворешните или внатрешните ролетни во просториите свртени кон сонце.

„Употребата на електричните уреди создава топлина. Исклучете ги грејните тела, како и електричната опрема и светлата што не се во употреба. Електричните вентилатори можат да помогнат, но само ако температурата е под 35 степени. Температурата на климата не треба да биде наместена под 7 степени од надворешната. На пример ако е надвор 35 степени, клима уредот максимум треба да ви биде наместена на 28“, порачуваат во ИЈЗ.

Оттаму велат дека за поголема ефикасност и економичност на ладењето, треба да се излади една или две соби наместо цела куќа.

„Гответе во поладно време од денот. Употребата на ринглата и рерната да биде колку што е можно пократко време, а пред и после употреба да следи соодветна аклиматизација на просторијата каде се употребувале истите“, додаваат во ИЈЗ.

Во Институтот даваат и препораки за разладување во период на топли денови.

„Иако изложувањето на сонце има значителни здравствени придобивки, за жал, со климатските промени, топлотните бранови се сѐ почеста појава и се подолги и потопли. А ризикот на човековото здравје рамномерно се зголемува. Најважниот чекор е да се држите подалеку од сонце со престој во затворен простор или во засенчена област во најжешките часови од денот-помеѓу 10 и 17 часот“, велат оттаму.

При директна изложеност на сончева светлина, треба да се покрие видливиот дел на телото, носејќи светла и широка облека и очила со УВ заштитен фактор.

„Редовно нанесувајте крем за сончање со минимум фактор на заштита 30. При нанесување крем за сончање, покрај лицето, не ги запоставувајте и други откриени делови на телото, деколтето, ушите и вратот. Покријте ја главата со капа која ќе овозможи комплетна засенченост на уши, нос и врат или користете чадор со бела боја. Исто, лепезата може да биде добра алатка во справување со топлината“, се вели во препораките.

Оттаму потсетуваат дека не треба да се заборава да се прават редовни паузи во затворени простории или во засенчени места, за да се избегнете топлотна исцрпеност или топлотен удар.

„Можете да понесете со себе спреј со вода или шише со вода и повремено да прскате или мануелно (рачно) да нанесете. Алтернативно, ставете ладни облоги. Измијте ги рацете, вратот и нозете. Изложувањето на вода на овие регии ќе придонесе за брзо и ефикасно ладење“, велат во ИЈЗ.

Инаку во Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. За утре пак, се прогнозира максимална температура од 42 степени.

„Топлото време ќе се задржи до среда попладне, кога ќе се спушти постудена воздушна маса, па ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе продолжи да дува во четврток, кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени“, најавуваат во УХМР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...