fbpx
Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

Не е вистина дека Западот го ограбува историското наследство на Украина

Нема никакви докази дека се работи за кражба и „киднапирање“ на културното богатство на Украина, ваквите тврдења изнесени во постот беа демантирани од украинските власти. Украинското Министерство за култура и информатички технологии објави дека тврдењата за киднапирање на украински свети мошти се измислени. Во постот се вели дека моштите од киевскиот црковен комплекс ќе бидат трајно преместени, како и...

Видео од размена на затвореници претставено како да е предавање на украински војници

Во постот погрешно се тврди дека видеото кое се споделува прикажува украински војници кои се предаваат на руските сили. Видеоматеријалот е од размена на заробеници меѓу групата Вагнер и украинските вооружени сили во мај годинава во Украина. Размената тогаш беше потврдена од страна на двете држави, пишува Вистиномер.мк.   Текстот го пренесуваме во целост:   На вирална објава на социјалната мрежа Фејсбук споделено е видео за кое се...

Зеленски: Американските и германските системи за противвоздушна одбрана се многу ефикасни

Системите за противвоздушна одбрана донирани на Украина од Германија и САД веќе дадоа значителни резултати, соборувајќи значителен број руски ракети и беспилотни летала во текот на минатата недела, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање. Американскиот „Патриот“ и германскиот „Ирис-Т“, според Зеленски, биле моќни и многу ефикасни системи, пренесува Гардијан. „Овде, на нашето небо, можеме да докажеме дека теророт...

Зеленски: Во ракетен напад уништен е Центар за трансфузија на крв

Руска ракета погоди центар за трансфузија на крв во североисточна Украина, при што загинаа две лица, а четворица беа повредени, соопштија украинските власти, пренесе Би-би-си. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави слика од зградата која гори како резултат на нападот во саботата вечерта во околината на Купијанск, во регионот Харков. „Ова воено злосторство само кажува сè за руската агресија“, рече тој. Русија не...

Руски танкер погоден со беспилотни летала во Керчкиот проток, нема повредени

Руски танкер со 11 членови на екипаж бил погоден во Црното море, во напад за кој руските власти велат дека е извршен од Украина. Моторната соба на бродот била оштетена во нападот што во текот на ноќта се случил кај теснецот Керч. Никој од членовите на екипажот не бил повреден, пренесува Би-би-си. Украина јавно не ги коментираше обвинувањата, а извор на...

Напад со морски дронови на руското пристаниште Новоросијск во Црното Море

Експлозии во текот на ноќта биле регистрирани во близина на руското пристаниште Новоросијск на Црното Море. Снимки објавени на социјалните мрежи се чини дека покажуваат силни експлозии на пристаништето кое претставува главен центар за рускиот извоз, пренесува Би-би-си. Руското Министерство за одбрана соопшти дека го одбиле, како што велат, украинскиот напад врз нејзината поморска база. Се наведува дека беспилотните летала...

Русија ја користи храната како оружје во Украина, на светот му се заканува криза

Катастрофалните бомбардирања на украинските пристаништа преку кои се транспортираат житарици укажуваат на фактот дека Русија ја користи храната како оружје во војната, но и дека на светот му се заканува сериозна криза што може да предизвика поскапување на прехранбените продукти, проблеми на берзите и недостатоци на храна во некои од најсиромашните земји. На ова денеска укажаа од Европската Унија...

Самитот на НАТО, касетните бомби, Пригожин и Полска, фокус на дезинфо-наративите во јули

Во јули низ медиумите на македонски јазик можеа да се прочитаат повеќе типови руски наративи поврзани со состојбите во Украина, а доминираа оние поврзани со самитот на НАТО во Вилнус, со касетната муниција одобрена од САД за Украина, со судбината на Пригожин, при што се обнови и наративот дека Полска сака да окупира делови од Украина, но станаа актуелни...

Полска обвини дека два белоруски воени хеликоптери го нарушиле нејзиниот воздушен простор

Министерството за одбрана на Полска ја обвини Белорусија дека два нејзини воени хеликоптери го нарушиле полскиот воздушен простор, навлегувајќи на 1 август на нејзина територија во регионот Бјаловеж, пренесува Ројтерс. Полските власти информираат дека станува збор за белоруски хеликоптери „Ми-24“ и „Ми-8“, а првите снимки од инцидентот се појавија утрово на Фејсбук. Белоруските хеликоптери летале премногу ниско на полска територија...

Русија го гранатираше украинското пристаниште во Измаил на границата со Романија

Руските сили извршија ново опасно бомбардирање на украинското пристаниште Измаил во непосредна близина на границата со Романија. Во напад со дрон се уништени силоси со жито и пристанишна инфраструктура во градот кој се наоѓа на реката Дунав, на крајниот југозапад на Украина, јавува Би-би-си. Романските медиуми пренесуваат дека во рускиот напад е погодено пристаништето во Измаил што се наоѓа на...

Присуството на „Вагнер“ во Белорусија би можело да е опасност за балтичките земји

Дел од земјите на НАТО се загрижени дека платениците на „Вагнер“ би можело да предизвикаат проблеми во Белорусија, бидејќи нивната група би можела да се обиде да организира напад преку кој би ја одвоил територијата на балтичките земји од останатите членки на НАТО, пишува Јуроњуз. На ова предупредуваат и експерти кои ги контактирал Јуроњуз, при што професорот по руска политика...

Руски ракети погодија станбена зграда во Криви Рих – има загинати и повредени лица

Руската воена агресија во Украина продолжува со ненамалено темпо. Утрово во руски ракетни напади биле погодени станбени објекти, универзитска зграда и други објекти, а најголеми штети се предизвикани во градот Криви Рих во централниот дел на Украина, пишува Гардијан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм објави видео од ракетниот напад врз станбена зграда во Криви Рих, информирајќи дека можно е...

ЕУ санкционира уште седум руски физички лица и пет субјекти за ширење дезинформации за војната

Европската унија санкционираше уште седум руски физички лица и пет ентитети за наводна вмешаност во онлајн кампања за ширење дезинформации за поддршка на војната во Украина, јавува агенцијата Анадолија. Советот на ЕУ во соопштение посочи седум руски поединци и пет субјекти за спроведување на кампања за манипулација со дигитални информации наречена „RRN“ (Recent Reliable News), која имала „за цел да...

Руски проектили погодија станбени згради во украинскиот град Днипро

Руските сили го нападнаа централниот украински град Днипро и клучното село на југоистокот за кое Украина тврдеше дека повторно го освоила во нејзината жестока контраофанзива. Руските проектили во Днипро погодиле станбена зграда, а според украинските власти најмалку пет лица се повредени. Москва, од своја страна, го обвини Киев дека истрелал два проектила кон јужна Русија и ранил 20 луѓе. Руските...

Мините поставени од руските сили во Украина се смртоносна закана за војската и за цивилите во Киев

Додека украинските сили полека продолжуваат со својата контраофанзива, војската и цивилите во земјата се соочуваат со смртоносен проблем - нагазни мини кои се претпоставува дека ги има стотици илјади, а се расфрлани по патишта, закопани ce во полиња и се скриени во опустошени градови, објави Ројтерс. Постојат нови, напредни типови мини кои можат да осетат движење или да уништат возила...

Украинските хирурзи се соочуваат со бран од ранети војници од почетокот на контраофанзивата

Болницата „Мечников“ во источна Украина е сведок на мрачните последици од војната, додека ранетите војници пристигнуваат на носилки од линијата на фронтот. Напливот на жртви се случува истовремено со големата контраофанзива на Украина за враќање на нејзината територија што моментално е под руска контрола. Хирурзите во болницата „Мечников“ работат неуморно, изведувајќи од 50 до 100 операции секоја вечер. Болницата...

Русија со нов бран напади со беспилотни летала врз Кијив

Русија започна нов бран напади со беспилотни летала врз Кијив, соопштија регионалните власти утринава, a украинските власти ја обвинија Русија за употреба на касетна муниција во напад врз цивили, во кој загинаа две лица, меѓу кои едно дете, објавуваат странските медиуми. „Сите воздушни цели беа навремено откриени и уништени на пристапот кон Кијив од страна на силите за воздушна одбрана“,...

Напад со дронови во Москва, Русија тврди дека се украински

Русија ја обвини Украина дека стои зад нападот со беспилотни летали што рано утрово оштетија најмалку две згради во главниот град Москва. Руското Министерство за одбрана соопшти дека два дрона биле „потиснати и урнати“, додавајќи оти нема жртви, пишува Би-би-си. Руската државна новинска агенција Тас објави дека едно беспилотно летало паднало во близина на Министерството за одбрана. Во друг настан, пак, како...

Во рускиот ракетен напад на Краматорск беа погодени цивили, а не „воени легитимни цели“

Рускиот ракетен напад врз Краматорск бил намерен и извршен врз цивилни објекти. Факт е дека во нападот на пицеријата во Краматорск биле убиени 12 цивилни лица, а десетици биле повредени. Тоа што американски војник бил таму за да јаде, не го прави објектот „легитимна воена цел“, како што тврди Русија. Постот ја форсира руската пропаганда дека целта на нападот биле...

САД: Украина „ефикасно“ користи касетни бомби

Белата куќа потврди дека Украина користи американски касетни бомби против руските сили во земјата. Портпаролот за национална безбедност на САД, Џон Кирби рече дека првичните повратни информации укажувале оти касетните бомби се користат „ефикасно“ врз руските одбранбени позиции и операции, пренесува Би-би-си. Касетните бомби се распрскувачки бомби кои се забранети во повеќе од 100 држави, поради нивната закана за цивилите. САД...