вторник, 12 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Струшки вечери на поезијата | 42 резултати

Поставена биста на Томас Транстромер во седиштето на Струшките вечери на поезијата

мај 25, 2024

Во спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга и седиштето на меѓународниот поетски фестивал Струшките вечери на поезијата е откриена биста на Томас Транстромер, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 2003 година. Автор на спомен обележјето е академскиот вајар Сокол Цфарку, а бистата е донација од македонскиот иселеник во Шведска, Антонијо Трпeвски […]

Жан Пјер Симеон, добитник на „Златен венец“ за 2024 година

март 21, 2024

Добитник на наградата „Златен венец“ за 2024 година, која е главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет, Жан Пјер Симеон, информираат организаторите на фестивалот. Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година која Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка, е германската поетеса […]

МОН распиша конкурс за најдобра песна по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата

февруари 19, 2024

По повод 21 Март, Светскиот ден на поезијата, Министерството за образование и наука (МОН) и поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ распишаа конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта. Целта на конкурсот, велат од МОН, е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како […]

Струшки вечери на поезијата: Да беше роден во моќна западноевропска земја, Ацо Шопов ќе беше тамошна школска лектира

август 27, 2023

Одбележување на сто години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов се одржа вчера во црквата „Св. Софија“ во Охрид во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшките вечери на поезијата“. Пред бројните странски и домашни гости свое обраќање имаше литературната критичарка и теоретичарка Елизабета Шелева, која истакна дека Шопов е поет од светски ранг. […]

Павлова Де Одорико ja доби наградата „Стојан Христов“ на Струшките вечери на поезијата

август 26, 2023

Авторката Ирена Павлова Де Одорико, којашто живее и твори во Италија, е годинешниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво во рамки на Струшките вечери на поезијата (СВП). Наградата е доделена со одлуката од жири-комисијата на СВП, во состав Славе Ѓорго Димовски, Драгана Евтимова и […]

Никола Маџиров за Бредли: Поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите

август 26, 2023

Добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, Димитар Башевски и Гевин Бредли, синоќа имаа свои портрети на кои се говореше за нивниот лик и дело, во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. За книгата „Страв од разделба“ ирскиот поет Гевин Бредли е добитник на „Мостови на Струга“ – меѓународна награда што ја доделуваат […]

Лауреатот Урошевиќ засади дрво за почеток на „Струшките вечери на поезијата“

август 24, 2023

Со традиционално садење дрво во „Паркот на поезијата“ неофицијално се означи почетокот на годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“. Дрво во паркот засади годинешниот лауреат – добитник на „Златен венец“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ. „На ова место, не толку големо по површина, колку по суштина се вишнеат дрвјата засадени од некои […]

Димитар Башевски добитник на наградата „Браќа Миладиновци“

јули 31, 2023

Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на СЛОВО. Од Струшките вечери на поезијата соопштуваат […]

Презентирана програмата на годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“

јуни 26, 2023

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) годинава ќе се одржи од 24 до 28 август во своето автентично издание на препознатливите локации, соопштија организаторите. Свеченото отворање повторно ќе се одржи на вообичаената локација – платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, додека затворањето ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата. Мотото на годинешните […]

Украдена бистата на македонскиот поет Славко Јаневски во Струга

април 20, 2023

Бистата на македонскиот поет Славко Јаневски исчезнала од постаментот во состав на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим, информираат од НУМ „Струшки вечери на поезијата“. При вообичаената проверка, вчера изутрина било утврдено дека бистата на поетот Славко Јаневски е откорната од постаментот, додека бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин […]

Влада Урошевиќ добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата

март 21, 2023

Македонскиот поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач, академик Влада Урошевиќ е добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, објави претседателката на Управниот одбор, Елизабета Шелева. Урошевиќ е третиот по ред македонски автор кој го добива Златниот венец, по Блаже Конески во 1981 и Матеја Матевски во 2011 година. Урошевиќ се заблагодари […]

Објавен е конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“

јануари 9, 2023

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) во соработка со УНЕСКО го објави конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор. Конкурсот е отворен до 21 февруари, додека поетот-лауреат ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март. Услови за учество на конкурсот за наградата се дебитантски […]

Со поетско читање од 18 странски поети завршија „Струшките вечери на поезијата“

август 30, 2022

Со поетско читање во Даут пашиниот амам на кое учествуваа 18 поети од странство, вчера официјално заврши годинешното 61. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшките вечери на поезијата“ „Читањето започна со аудиозапис со гласот на годинешниот добитник на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, кој поради поодмината возраст не присуствува на фестивалот. Таникава ја изведе […]

„Куклици“ од Андреј Ал-Асади ја доби наградата „Енхалон“ за најдобра песна при СВП

август 29, 2022

Поетот Андреј Ал-Асади за песната „Куклици“ е добитник на наградата „Енхалон“ за најдобра песна од млад автор што се доделува на „Струшките вечери на поезијата“. Во соопштението стои дека во изборот за наградата влегле песни од повеќемина млади, но етаблирани македонски поетеси и поети со изграден впечатлив авторски потпис. „Станува збор за песна со цврста […]

Книгата „Гравитација“ на Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ на Струшките вечери на поезијата

август 27, 2022

Книгата „Гравитација“ на поетесата Емилија Тодорова од Австралија ја доби наградата „Стојан Христов“ за 2022 година на „Струшките вечери на поезијата“. Збирката на Тодорова победи во конкуренција на „На каучот на Зигмунд Фројд“ на Јулијана Младеновска од Хрватска, „Песни“ на Јосиф Грежловски- Гандедо од САД и „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ од Шведска. Книгата „Гравитација“ […]

Синоќа запален поетскиот оган на 61. издание на Струшките вечери на поезијата

август 26, 2022

Со музичко-поетски перформанс на „Т’га за југ“ во изведба на бендот „Пијан Славеј“ и традиционалното палење на поетскиот оган, синоќа свечено се отвори 61. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“, информираат од тимот на „Струшките вечери на поезијата“. Манифестацијата се отвори на летната тераса на хотелот „Дрим“ во присуство на голем број поети од […]

Поетот Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“ ја доби наградата „Браќа Миладиновци“

август 10, 2022

Македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски со поетската збирка „Збунети компаси“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија што ја доделува организацијата на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“. По наградувањето на стихозбирката „Небесна пантомима“ во 2018 година, ова е втор пат Анчевски да ја добие оваа […]

„Струшките вечери на поезијата“ годинава ќе се одржат под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“

август 8, 2022

Под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“ со повеќе од 25 странски и домашни поети и оваа година поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) од 25 до 29 август ќе се одржува на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Претпладневната програма со препознатливите програмски содржини, како што се вели во соопштението, […]

Поетите Шунтаро Таникава и Џерардо Мазучо се годинешните лауреати на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“

март 21, 2022

Денеска во просториите на Македонската академија на науките и уметностите се одржа свечениот настан по повод соопштувањето на годинешните лауреати за две од трите награди на престижниот меѓународен поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Добитник на главната награда на фестивалот, „Златен венец“ за 2022 година е најзначајниот жив јапонски поет, Шунтаро Таникава. Во одлуката на […]

СВП ќе ги соопшти лауреатите на Светскиот ден на поезијата в понеделник

март 18, 2022

Во рамките на главното одбележување на Светскиот ден на поезијата в понеделник со почеток во 11 часот во МАНУ, Меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) ќе ги соопшти имињата на лауреатите на две од трите најголеми награди за 2022 година : „Златен венец“ и „Мостови на Струга“, која се доделува на млад поет. […]

Страна 1 од 2