fbpx

Павлова Де Одорико ja доби наградата „Стојан Христов“ на Струшките вечери на поезијата

Наградата е доделена со одлуката од жири-комисијата на СВП, во состав Славе Ѓорго Димовски, Драгана Евтимова и Митко Гогов, а ѝ е доделена за поемата „Светец“

-

Авторката Ирена Павлова Де Одорико, којашто живее и твори во Италија, е годинешниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво во рамки на Струшките вечери на поезијата (СВП).

Наградата е доделена со одлуката од жири-комисијата на СВП, во состав Славе Ѓорго Димовски, Драгана Евтимова и Митко Гогов, а ѝ е доделена за поемата „Светец“.

„Поемата „Светец“ е специфична за целокупното творештво на Де Одорико, бидејќи за првпат се одлучува да пишува преку машки фиктивен лик, таканаречен Петкамен Петко, кој е создаден од страна на народот, лик-гласник што носи утеха за подобри времиња и предизвикува духовен интерес, хуманост, љубезност и ги учи луѓето на љубов и емпатија“, рече една од членовите на комисијата Драгана Евтимова, додавајќи дека претходите ликови во сите книги на Де Одорико се познати женски ликови, како на пример Силвија Плат и други.

Според неа, Петкамен Петко името го добил токму од играта што се игра со пет камчиња и која тој многу сакал да ја игра.

„Бидејќи потекнува од мало место, одлучува да шета низ светот, неговите откритија за човекот и светот длабоко го разочаруваат, но не се откажува од својата мисија. На тој начин, неговиот лик добива функција на месија, односно духовник и помошник на народот. Содржината на книгата совршено се вклопува со корицата на книгата, на која илустративно се откриваат почетните четири букви СВЕТ, а внатре во зборот СВЕТ се наоѓа зборот СВЕТЕЦ, човек што стои на бесилка, но на главата има ореол“, рече Евтимова.

Ирена Павлова Де Одорико е македонска писателка, поет, новинар, која моментално живее и работи во Италија, каде што неуморно ја претставува македонската култура и литература. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2001 година. Нејзините песни се застапени во многу македонски и светски антологии.

„Ви се заблагодарувам на оваа престижна награда. „Светец“ или Петкамен Петко е секој од нас, оној што ќе ја изоди голготата и ќе воскресне по патот на една вистинска свесност. Петко е сиромашен, битник, неосвестен светец, глас на народот во мене, мноштвото, кое обратно, од индивидуализација, по Јунг, патува низ него, Кин комплетна самосвест, низ афрадануе, до светлината“, изјави Де Одорико.

За време на доделувањето на наградата, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, додели благодарница на СВП за 15-годишната соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...