fbpx

Жан Пјер Симеон, добитник на „Златен венец“ за 2024 година

Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година која Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка, е германската поетеса Катрин Пиц за нејзината стихозбирка „Вакви денови имало отсекогаш“

-

Добитник на наградата „Златен венец“ за 2024 година, која е главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет, Жан Пјер Симеон, информираат организаторите на фестивалот.

Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година која Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка, е германската поетеса Катрин Пиц за нејзината стихозбирка „Вакви денови имало отсекогаш“.

Директорот на СВП, Тодорче Тасевски ја објави соработката на Струшките вечери на поезијата со Делегацијата на ЕУ, која од оваа година ќе биде покровител на наградите ЕНХАЛОН и МЛАДА СТРУГА преку Јуроп Хаус-Струга (Europe House-Struga), најновата членка на мрежата на Јуроп Хаус (Europe House).

„Возобновената награда „Млада Струга“ ќе се доделува за необјавен поетски ракопис на млад поет или поетеса што дотогаш немаат објавено поетска збирка. Добитникот ќе биде избран по распишан конкурс, а освен паричен износ, наградата вклучува и објавување на поетската збирка како дел од изданијата на СВП и учество на Фестивалот, по урнек на поранешниот конкурс на Книжевната младина на Македонија“, информираат организаторите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...