fbpx

Тројца пилоти загинаа во судир на два авиони за борбена обука во Украина

Според податоците од истрагата, двата авиони за борбена обука L-39 се судриле за време на лет во регионот Житомир на 25 август 2023 година. Причините за несреќата се утврдуваат

-

Тројца пилоти загинаа во судир на два авиони за борбена обука L-39 во регионот Житомир во Украина, јави Укринформ цитирајќи го украинското Јавно обвинителство.

Започната е кривична постапка на специјализираното обвинителство на одбраната со прелиминарна правна квалификација за прекршување на правилата за лет или подготовка за нив.

Според податоците од истрагата, двата авиони за борбена обука L-39 се судриле за време на лет во регионот Житомир на 25 август 2023 година. Причините за несреќата се утврдуваат.

„Во моментов се спроведуваат примарни истражни дејствија, се врши увид на местото на инцидентот, се распитуваат сведоци, а определени се и комплет вештачења во рамки на кривичната постапка“, соопшти обвинителството.

Според Укринформ, предистражната постапка ја спроведува Државното биро за истраги.

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Телеграм ја потврдија авионската несреќа и информацијата за смртта на пилотите.

„Со жалење ве известуваме дека на 25 август 2023 година се случи страшна авионска несреќа во регионот Житомир. За време на борбена мисија, екипажот на два борбени тренажни авиони L-39 се судрија на небото. Сите тројца пилоти, за жал, почина. Истрагата е во тек“, стои во објавата.

Меѓу загинатите во несреќата е и познат пилот на 40-та тактичка воздухопловна бригада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.