fbpx
Таг: Струшки вечери на поезијата

таг: Струшки вечери на поезијата

Свечено отворени јубилејните 60-ти „Струшки вечери на поезијата“

Со традиционално палење на поетскиот оган, на летната тераса на хотелот „Дрим“ во Струга во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на владини претставници и љубители на пишаниот збор, свеченото беа отворени „Струшките вечери на поезијата“, информираат од фестивалот. Вечерта ја отвори поетот и писател и некогашен директор на СВП, Јован Стрезовски, кој имаше...

Лидија Димковска е годинашниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Познатата македонска поетеса Лидија Димковска е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата (СВП) за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Димковска е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Гранична состојба“ во издание на ИЛИ-ИЛИ. Жири комисијата во состав: Сашо Огненовски, Искра Гешоска, Атанас Вангелов, Весна Мојсова Чепишевска и Лулзим Хазири...

Младата поетеса Ива Дамјановски добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“

Младата поетеса Ива Дамјановски за книгата „Двоумење“, која што е во издание на ПНВ Публикации, е годинашен добитник на најпрестижната поетска награда „Браќа Миладиновци“, што Струшките вечери на поезијата ја доделуваат за најдобро поетско издание меѓу два фестивала, информираат од поетската манифестација. Во најтесниот избор за наградата влегоа пет македонски автори, а одлуката ја донесе жири комисијата во состав: Ангелина...

Започна реконструкцијата на Мостот на поезијата во Струга

Почнаа градежните работи за реконструкција на најпознатиот мост во Струга - Мостот на поезијата, каде што секоја година се одржуваат Струшките вечери на поезијата и од каде произлегува и самото име на мостот. Реконструкцијата на овој мост на реката Црн Дрим е многу важна, не само поради фактот што служи како клучна точка за поврзување на писателите ширум светот, но...

Романската поетеса Ана Бландијана е добитникот на „Златен венец“ за 2019 година

Добитник на „Златен венец“ за 2019 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е романската поетеса Ана Бландијана. Одлуката ја соопштија Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) на денешната свечена седница што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Наградата на годинашната лауреатка, чие вистинско име е Отилија Валерија Коман, ќе...

Елизабета Шелева на местото на Лешоски на чело на Струшките вечери на поезијата

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, донел одлука за именување на нови членови на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, откако младиот поет Дарко Лешоски, кратко по именувањето на функцијата претседател на Управниот одбор на СВ, реши да се повлече по реакциите во јавноста за неговиот избор. Како што соопштија денеска од Министерството за култура, нов претседател на Управниот одбор...

Министерството за култура жали за одлуката на Лешоски и го брани решението за „Танец“

Министерството за култура жали поради одлуката што ја донесе Дарко Лешоски да се повлече од функцијата претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, но порачува дека за тоа место ќе се избере некое слично решение. Во однос на назначувањето на новиот в.д. директор на националниот ансамбл „Танец“, во Министерството не гледаат ништо спорно и велат дека Стојанче...

Дарко Лешоски се повлече од раководството на Струшки вечери на поезијата

Дарко Лешоски, младиот поет кој ја разбранува културната и пошироката јавност во изминативе денови откако беше назначен за претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, објави дека ќе се повлече од функцијата. Одлуката тој ја соопшти во интервју за „Дојче Веле“. - Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се повлекувам и се откажувам од претседателствувањето со Управниот одбор...

Поетот Чарлс Симиќ, годинашен лауреат на „Струшките вечери на поезијата”

Американскиот поет од српско потекло, Чарлс Симиќ, е годинашен добитник на наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата”. Тој е роден во 1938 година во Белград, а подоцна емигрирал во САД. Се смета за еден од најзначајните современи американски поети, есеисти, критичари и преведувачи. Симиќ за своите дела е добитник на бројни реномирани книжевни награди, како што се „Пулицеровата награда“,...

„Зимски поетски фестивал“ на СВП од задутре во Скопје

Второто издание на „Зимскиот поетски фестивал“ на „Струшките вечери на поезијата“ (СВП) ќе се одржи од задутре до 1 март во Скопје. Свеченото отворање ќе биде во Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот. Фестивалот е базиран на издавачката дејност на СВП, на авторите чие творештво е објавено во превод на македонски во престижната едиција „Плејади“. Преку академските предавања...

Иван Џепароски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“

За книгата „Светлината на Света Гора“, Иван Џепароски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу две фестивалски изданија на „Струшките вечери на поезијата“ (СВП). - Задоволството е поголемо зашто во жири-комисијата се тројца поранешни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, а двајца се и добитници на наградата „Димитар Митрев“ за книжевна критика и...

Отворени јубилејните 55. „Струшки вечери на поезијата“

Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ и со палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, синоќа во Струга почнаа 55. „Струшки вечери на поезијата“. - Веќе 55 години, поетската Струга е дом на најголемите бардови на светската поезија, кои низ своите автентични поетики изградија мостови меѓу цивилизациите, мостови меѓу сегашноста и иднината. Со својот поетско-уметнички чин, поетите од...

Почнуваат „Струшките вечери на поезијата“

„Струшките вечери на поезијата“ ќе почнат вечерва на платото пред Домот на поезијата во Струга, во 20.30 часот. На годишната поетска манифестација во Струга ќе учествуваат 32 поети од 30 земји, меѓу кои Франција, Италија, Кина, Мексико, Израел, Австралија, Хрватска, Бугарија и други. 55. издание на „Струшките вечери на поезијата“ ќе трае до 28 август, а поетски читања ќе има и...

Кубанската поетеса Морехон испрати порака со сочувство до настраданите во поплавите

Кубанската поетеса, Ненси Морехон, добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2006 година, испрати порака со сочувство до настраданите во поплавите што го погодија Скопје и околината. Пораката, Морехон ја упати преку Струшките вечери на поезијата. „Драги пријатели, додека слушав вести, чув за природните катастрофи во Македонија, посебно во вашиот главен град Скопје, од каде сè уште...

Руна Светликова е добитник на наградата „Мостови на Струга“

Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата (СВП), одлучи наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга да и се додели на Руна Светликова за автентичниот поетски ракопис во „Оваа мека бела соба”. Поетската книга на Руна Светликова е дебитантско ремек дело кое содржи зрели песни кои навестуваат творечка појава која ќе биде неодминлива и во белгиската (фламанската) литература, но и...

Во вторник почнува Зимскиот поетски фестивал во Скопје

Во организација на „Струшките вечери на поезијата“, од вторник до 11 декември во Скопје ќе се одржи првиот „Зимски поетски фестивал“, на кој ќе учествуваат четворица врвни поети од земјава и од странство, пишува порталот „Лидер“. Според директорот, Мите Стефоски, овој фестивал е дел од промените за проширување на функционирањето на институцијата, за во зимскиот период да овозможи интензивна активност на...

Во Истанбул претставен струшкиот поетски фестивал

Меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ беше претставена на Интернационалниот поетски фестивал во Истанбул, каде паралелно се одржува и Меѓународен саем на книгата. Презентацијата е дел од соработката со фестивалот во Истанбул во рамките на која се предвидени низа активности, како преведувачки работилници, издавачки проекти и претставување на најзначајните поетски творци во рамките на обата фестивала. Пред публиката пригодно се обратија...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...