Фестивалската организација на „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со УНЕСКО го објави конкурсот за најдобра дебитантска поетска книга на млад автор во 2022 година.
Конкурсот ќе трае до 20 февруари годинава, а победникот ќе биде објавен на 21 март, Светскиот ден на поезијата.
Сите млади поети кои сакаат да се пријават е потребно да ги исполнуваат следниве услови:
- Да се помлади од 35 години;
- Да испратат три копии од својата деби книга издадена во претходните две години;
- Најмалку седум песни од истата книга да се преведни на англиски јазик и кратка биографија на англиски јазик;
- Апликацијата треба да се испрати на поштенската адреса: поштенски фах 109, 6330 Струга, Република Северна Македонија или преку националните комисии на УНЕСКО на државите членки;
- Апликацијата треба да се поднесе и во електронска форма на адресите на СВП: [email protected] и [email protected];
- Кандидатите треба да го испратат и ISBN бројот со потребните материјали.
Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на победникот на македонски јазик, а од особена важност е што лауреатот ќе биде поканет да присуствува на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ кога и ќе му биде врачена големата поетска награда „Мостови на Струга“.
Оваа награда се доделува за време на поетско читање – „Мостови“ што се одвива во рамките на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ секоја година во последната недела од август. Наградата е прв пат воведена во 2003 година како награда на УНЕСКО, кој е покровител на Струшките вечери на поезијата. Прв добитник на оваа награда бил Ангело В. Суарез од Филипини.