Таг: средношколци

таг: средношколци

За прв пат годинава учениците ќе добијат додаток на свидетелство

Годинава нема да се повтори минатогодишниот проблем кога во основните и средните училишта недостасуваа свидетелства за учениците, поради што доцнеше процесот на доделување, уверуваат надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО). Оттаму информираат дека за учениците од трета и четврта година средно образование, веќе се поделени свидетелствата затоа што се завршни години, a oстанатите ќе бидат поделени во...

Наставниците да имаат разбирање при оценувањето, учениците учеа во нова реалност

Во овој период од годината, основците и средношколците имаат тестови и испрашувања по речиси сите предмети, после кои нивните наставници и професори треба да им ги заклучат крајните оценки во дневниците. Додека трае овој процес, поразговаравме со неколкумина професорки и наставнички за тоа, како тече овој процес, дали успеваат учениците да постигнат сѐ да научат и колку тие како...

Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта

Учениците и студентите во државата мора да имаат бесплатни психолошки советувалишта, каде што ќе разговараат за нивните проблеми, за она што ги тишти. Ова е заклучокот од онлајн дебатата организирана од Фондацијата „Метаморфозис“, на тема „Менталното здравје на младите по ковид пандемијата“, која се одржа денеска. Дебатата ја отвори заменик-министерот за здравство д-р Владимир Рендевски, кој истакна дека во...

Две третини од учениците во средните училишта во Скопје сметаат дека има врсничко насилство

Речиси две третини од учениците во средните училишта во Скопје сметаат дека има врсничко насилство помеѓу учениците во нивното училиште. Околу една третина од учениците одговориле дека биле жртва на некоја форма на врсничко насилство во изминатата година. Овие поразителни бројки произлегуваат од анкетата со 995 ученици и 255 наставници спроведена од Институтот за човекови права од декември 2021...

Говор на омраза и закани за Сојузот на средношколци по сатиричен напис со измислена содржина

Неодамна на веб поратлот „Кооперација.мк“ и во јавноста беше објавен сатиречен текст со наслов „САКАМ ДА СЕ УКИНАТ РАСПУСТИТЕ! САКАМЕ ДА УЧИМЕ !!!“, наводно напишан според изјава на средношколец и илустриран со фотографија од најскорешното гостување на претседателот на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ), ученикот Лука Павиќевиќ. Во текстот се вели дека изјавата е дадена од страна...

Македонските средношколци со историски успех на Балканската математичка олимпијада

Со еден златен, два сребрени и бронзен медал се вратија македонските учесници од Балканската математичка олимпијада БМО 2022. Средношколецот Никола Спировски го освои златниот медал, додека Дамјан Давков и Јан Стојановски освоија средбрени. Бронзениот медал го освои Алексиј Тасиќ, а пофалници добија Јасна Илиева и Блаже Суклески. Лидерите на тимот, Никола Велков и Петар Филиповски соопштија дека македонскиот тим годинава го...

Ученици и професори од три земји во „Корчагин“ садеа еко-картички како симбол за социјално претприемништво

Во средното училиште „Раде Јовчевски- Корчагин“- Скопје денеска се одржа завршниот настан од проектот „SEED – Проект за развој на образование за социјалното претприемништво“. Ученици и професори од средни училишта од Македонија, Литванија и Хрватска заедно садеа еко-картички од кои никнува цвеќе-пркос. „Преку гестот на заедничко садење се пренесе симболиката дека социјалното претприемништво е семе кое треба да расте и да се...

По 240 одиграни натпревари, познати победниците од средношколската лига на Град Скопје

Во спортската сала на СУГС „Кочо Рацин“ во скопската населба Ѓорче Петров вчера се одиграа финалните натпревари од завршниот градски ФАЈНЛ ФОР на средноучилишната лига на Град Скопје – скопски регион, за учебната 2021/2022 година, информираат од Град Скопје. Победниците во футсал, ракомет, кошарка и одбојка се избраа по над 240 одиграни натпревари во изминатиов период. Во машкото финале во...

Шест ученици од утре ќе ја претставуваат Македонија на Балканска математичка олимпијада

Средношколците Никола Спировски, Јасна Илиева, Блаже Суклевски, Алексиј Тасиќ, Јан Стојановски и полуматурантот Дамјан Давков ќе ја претставуваат Македонија на 39- тата Балканска математичка олимпијада (БМО) која од утре до 9 мај ќе се одржува во Аргос, Кипар. Натпреварот се одржува со физичко присуство на натпреварувачите. Овие ученици покажаа најдобри резултати на Македонската математичка олимпијада што се одржа во четвртокот...

И онлајн и на училиште, матурантите се подготвуваат за испитот на зрелоста

Учениците во завршна година во училиштата за средно образование, периодов се подготвуваат за полагање на екстерните испити кои се дел од државната матура. Впечатокот кој се добива од разговорот со неколкумина професори и директори на училишта, е дека штрајкот кој неодамна беше ставен во мирување, ретко каде оневозможил да се одржува подготвителна настава за испитот на зрелоста. Некои професори,...

Од 1 мај се воведува бесплатен железнички превоз

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа: - Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од...

Сојуз на средношколци: Договор што побрзо да има, ќе се пробијат државните рокови за полагање за матурантите

Од непостигнувањето на договор меѓу владата и СОНК во врска со штрајкот во образованието, најмногу ќе страдаат средношколците. Од Сојузот на средношколци денеска побараа солидарност за учениците, особено за матурантите, бидејќи кај нив има голема шанса да се пробијат државните рокови, кои пак негативно ќе се одразат на амбициозните матуранти кои сакаат да студираат во странство. „На пример, рокот за...

Млади еко иноватори добија средства за да реализираат решенија за заштита на водните ресурси

Пет тима составени од деца и млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за да го реализираат своето иновативно решение за подобрување и заштита на водните ресурси во заедниците во кои живеат и да ги намалат штетните ефекти од климатските промени, информираат од УНИЦЕФ. На онлајн-работилницата за креативно размислување младите иноватори беа избрани како дел...

Скопските средношколци денеска маршираа за мир во светот

Денеска во Скопје се одржа Мировен марш под мотото „ПОМИСЛЕТЕ НА НАС, ЗА ПРОМЕНА“, којшто беше организиран од скопските средношколци. Маршот започна со собир пред Собранието на Република Северна Македонија, и продолжи со мирно движење низ центарот на градот, се до Владата на Република Северна Македонија. На маршот доминираше белата боја – бојата на мирот, а учесниците носеа транспаренти со мировни...

„Шорткат“: Автохтони и исклучително ретки растенија во Ботаничката градина на ПМФ

Околу 150 исклучително ретки растенија што ги има во нашата земја се наоѓаат и во Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. Екипата на „Шорткат“ ја посети градината и во 31-вото издание прикажува интересни податоци и факти за автохтониот растителен свет што го затекнавме таму. Во најновата епизода на вестите за млади ја пренесуваме и веста дека со стартот...

Средношколци учат како да работат во погон и за тоа добиваат надоместок 3.000 денари

Проектот „Учи паметно, работи стручно“ веќе втора година е дел од образовниот систем. Има за цел да го унапреди средното стручно образование, да го зајакне дуалното образование, да продуцира стручни профили согласно потребите на пазарот на труд и да ја зголеми вработеноста на младите. Во средните стручни училишта има т.н. дуални паралелки, односно опција учениците да одат на пракса...

Сојузот на средношколци од МОН и Данела Арсовска побараа бесплатен јавен превоз во сите општини

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) денеска одржа прес-конференција пред зградата на Министерството за образование и наука, на која ги изрече новите реформски дејства на кои работеше изминатиов период: меѓународна соработка, бесплатен јавен превоз за сите средношколци и демократско средношколско организирање. Во однос на барањето за бесплатен јавен превоз кое треба да биде достапно за сите средношколци во...

Средношколци од „Joсип Броз Тито“ ќе се натпреваруваат во финале на „Европскиот квиз на пари”

Учениците од средното училиште „Joсип Броз Тито“ - Скопје, Матеја Талеска и Дино Дановиц се одбрани да бидат наши претставници на европското финале на „Европскиот квиз на пари”. Тие под менторство на професорката Емилија Величкова на националниот натпревар успеаа да ги победат останатите 439 тима, од кои 423 тима се натпреваруваа на македонски, а 16 тима на албански јазик,...

Отворени апликациите за учество на средношколци и студенти на младинскиот фестивал „Три дена култура“

Фестивалот за млади уметници, средношколци и студенти, „Три дена култура“ што го организира културно - уметничката асоцијација, „Art house Karev“ при гимназијата „Никола Карев“ по четврти пат ќе се одржи и оваа година во периодот од 14 до 16 април. На овој младински фестивал може да учествуваат сите заинтересирани креативци кои сакаат да ги претстават своите дела. Со пополнување на...

Чистењето на линданот од ОХИС главна тема во новата епизода на „Шорткат“

Почетокот на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС, но и здравствените проблеми коишто може да ги предизвика линданот, се главната тема која што ја третираме во новата епизода на емисијата „Шорткат“. https://www.youtube.com/watch?v=NhvcfsRHlEY Во 29-тото издание на „Шорткат“, ќе можете да се запознаете и со проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ којшто се реализира во скопските средни училишта, но...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...