Отворена изложбата „Мултикултурализмот низ објективот на младите“

Извор на фотографија: Нексус граѓански концепт

Средношколците од Скопје кои учествуваа на обуките за фотографија и камера како креативни алатки, во рамки на проектот „Мултикултурализам и радикализација: Нови пристапи кон старите проблеми“ кој го спроведе здружението Нексус- Граѓански Концепт денеска ги претставија своите дела.

Отворањето на изложбата насловена „Мултикултурализмот низ објективот на младите“ се одржа во просториите на Млади Хаб во центарот на градот.

Средношколците во јавноста се претставија со 20 фотографии од разни карактеристични локации од градот и видео кои го изработија во рамките на работилницата за креативни алатки (мултикултурализам) – акција во заедницата.