Отворени апликациите за учество на средношколци и студенти на младинскиот фестивал „Три дена култура“

Фото: Art House Karev

Фестивалот за млади уметници, средношколци и студенти, „Три дена култура“ што го организира културно – уметничката асоцијација, „Art house Karev“ при гимназијата „Никола Карев“ по четврти пат ќе се одржи и оваа година во периодот од 14 до 16 април.

На овој младински фестивал може да учествуваат сите заинтересирани креативци кои сакаат да ги претстават своите дела. Со пополнување на апликација право на учество имаат сите средношколци и студенти на цела територија на државата и пошироко.

Апликациите се делат во неколку категории и тоа:

  • Апликација за прикажување на авторски краткометражен филм на првиот ден од фестивалот кој е наменет за проекции на кратки филмови. Апликацијата е отворена за средношколци и студенти од сите градови од Македонија и за истата потребно е да се пополни следната ПРИЈАВА.
  • Апликација за театарска претстава, танцова точка или кој било друг перформанс чии изведби се предвидени за вториот ден. За сите заинтересирани покрај пополнување на ФОРМАТА, од организацијата напоменуваат претставите кои ќе се пријавуваат да се со времетраење од 5 до 20 минути. Истите можат да бидат извадоци од драми, монолози, дијалози, физички театар и слично. Танцовите групи ќе имаат можност да се претстават со максимум 5 минутно дело.
  • Апликација за литературна творба, кратко прозно дело или поезија на темата: „Со секој свој здив создавам уметност!“. Делата од литературниот конкурс кој за прв пат се отвора на фестивалот ќе бидат читани на третиот ден. Пријавувањето може да се нправи ТУКА.
  • Третиот ден на фестивалот е наменет за музика, изложба и литература. Музичарите, солисти кои имаат желба за настап може да се учествуваат со една композиција, вокал или во изведба со инструмент, притоа времетрањето на настапот не треба да биде подолго од 5 минути, а пријавувањето може да се направи ТУКА. Бендовите може да учествуваат со три песни, а целиот настап треба да биде со времетраење од 20 минути. Песните кои ќе се свират, можат да бидат авторски, преработки или препеви, во кој било жанр (рок, поп, џез, електронска, рап, панк), но задолжително е една од песните да биде преработка на македонска песна. Сите кои планираат настап со бенд треба да ја пополнат оваа ФОРМА.

„Три дена култура 4“ е фестивал за млади уметници кои имаат што да кажат и што да
претстават, со можност својот креативен импулс да го покажат пред пошироката публика“, се вели во најавата за културниот младински фестивал.

Крајниот рок за пријавување на сите три дена е 31.03.2022, освен за изложбата чиј рок за пријавување е до 12.04.2022.