„Шорткат“: Автохтони и исклучително ретки растенија во Ботаничката градина на ПМФ

Околу 150 исклучително ретки растенија што ги има во нашата земја се наоѓаат и во Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. Екипата на „Шорткат“ ја посети градината и во 31-вото издание прикажува интересни податоци и факти за автохтониот растителен свет што го затекнавме таму.

Во најновата епизода на вестите за млади ја пренесуваме и веста дека со стартот на новата академска година во октомври ќе биде отворен и првиот Студентски културен центар во Скопје. Носиме радосни вести за новороденчињата во скопската Зоолошка градина, а ќе видиме и со каква идеја учениците од средното училиште „Коста Сусинов“ од Радовиш го одбележаа Први април.

Од помалку убавите вести издвојуваме дека Обединетите Нации забележале над 3.400 загинати и повредени цивили во Украина од почетокот на руската инвазија, но меѓународната заедница верува дека вистинските бројки се повисоки. ОН бараат независна истрага за воени злосторства.

Новото издание на „Шорткат“ ќе биде објавено вечерва во 19:00 часот.