Чистењето на линданот од ОХИС главна тема во новата епизода на „Шорткат“

Почетокот на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС, но и здравствените проблеми коишто може да ги предизвика линданот, се главната тема која што ја третираме во новата епизода на емисијата „Шорткат“.

Во 29-тото издание на „Шорткат“, ќе можете да се запознаете и со проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ којшто се реализира во скопските средни училишта, но и да дознаете повеќе за владината одлука за бесплатно да студираат одредени категории на млади лица во земјава. „Шорткат“ беше и на падините на Скопска Црна Гора за да ја проследи еко-акцијата за чистење од ѓубре на оваа планина, но имаме и ексклузивни снимки од трите нови лавчиња што се родија во Зоолошката градина Скопје. Во новата епизода на „Шорткат“ дознајте повеќе и за добитничката на книжевната награда „Роман на годината“.

Новите вести за млади ќе бидат објавени вечерва во 19:00 часот, на нашите канали на Јутјуб, Инстаграм и Фејсбук.