Учениците од утре на тринеделен зимски распуст

Photo by Max Fischer from Pexels

Учениците од основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната година. Тие од утре се на тринеделен зимски распуст.

Според календарот на Министерството за образование и наука (МОН) предвидено е да се вратат на настава на 20 јануари, односно тогаш ќе почне второто полугодие.

Претходно министерката за образование Мила Царовска рече дека засега нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, бидејќи надлежните сметаат дека епидемиолошката состојба е стабилна.

Таа во повеќе наврати информираше дека процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03 отсто, а процентот на активни случаи со ковид-19 кај учениците со физичко присуство, во првото полугодие не надминал 0, отсто3, според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта.