понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: средно училиште | 26 резултати

Во Скопје отворена првата градска биотехнолошка лабораторија

10 март 2023

Во скопското средно училиште „Марија Кири – Склодовска“ денеска беше отворена првата градска биотехнолошка лабораторија. На настанот присуствуваа и се обратија Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје, Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП и Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. Со отворањето на оваа биотехнолошка лабораторија од страна на Град Скопје, УНДП и УНИЦЕФ, се формира […]

Доделени три награди за „најГЛАСни“ ученички заедници од средните училиште во Македонија

1 април 2022

Последните три дена од месец март за прв пат се одржа настан на кој ученички заедници составени од тројца ученици и еден наставник – ментор од средните училишта СУГСГ „Орце Николов„ – Скопје, СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш и ОСУ „Св.Климент Охридски„ – Охрид се здобија со наградите „најГЛАСни“ за своите училишни иницијативи. За време […]

Скопската гимназија „Орце Николов“ ги исполнува стандардите за инклузивно образование

2 септември 2021

СУГС „Орце Николов“ Скопје ги пречека учениците во новата учебна година со современ лифт по ISO стандарди наменет за лица со посебни образовни потреби. Од скопската гимназија на нивната Фејсбук страница објавија дека реализираната инвестиција е уште една причина да бидат едно од ретките училишта кои инфраструктурно ги задоволуваат условите за сите ученици. „Инклузивното образование […]

Произведуваат мед и имаат сопствен ЗОО парк, запознајте се со средното училиште „Браќа Миладиновци“

2 септември 2021

Новата учебна година вчера започна и во средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Станува збор за единственото училиште во земјава кое има сопствен зоолошки парк и произведува мед. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров и директорот на ЦЕЕД Македонија вчера го посетија објектот, при што учениците, наставниците и техничкиот кадар […]

Отворен за посетители ЗОО-паркот во средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Драчево (Галерија)

10 јуни 2021

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, заедно со министерката за образование и наука и директорката на СУГС „Браќа Миладиновци“ во Драчево, Елизабета Ангелеска, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, денеска ја отворија за посетители мини зоолошката градина – ЗОО Парк и систем за аквапоника – во дворот на училиштето што образува кадри […]

Доделени признанијата за најдобри просветни работници во учебната 2019/2020 година

15 октомври 2020

Професорите Штефица Ујчик од Куманово, Добри Јовевски од Крива Паланка, Марјан Радески од Охрид и педагогот Маринела Бошева од Скопје го добија признанието просветен работник на годината за учебната 2019/2020 година. Тие денеска се сретнаа со министерката за образование и наука, Мила Царовска која им ги додели признанијата. „Ви посакувам да бидете инспирација на уште […]

Вистиномер: Никој нема да тренира магаре или коњ, тоа е проект за обука на ученици за управување со фарми на копитари

14 октомври 2020

Со проектот одобрен во рамките на „Еразмус плус“ програмата се одобрени пари на средното училиште „Ѓорче Петров” во Кавадарци, а не на директорот на училиштето Горан Велковски, инаку брат на пратеникот на СДСМ, Диме Велковски, пишува Вистиномер. Раководителот на образовната институција воопшто нема да добие никакви пари, туку тие се доделени за 35 ученици и […]

Порталб: Врсничкото насилство продолжува да биде присутно во училиштата (инфографик)

8 октомври 2020

Врсничкото насилство (bullying) во земјава е присутно насекаде, но најмногу со него се соочуваат младите во училиштата, но и на интернет, на улица и на многу други места, пишува порталот на албански јазик Порталб.мк. Она што најмногу вознемирува е тоа што од оваа состојба најпогодени се младите од основните училишта. Најкористениот вид на врсничко насилство […]

Стојановска: Тежок е патот до називот доктор, јас штотуку ги поминав првите бебешки чекори

30 јуни 2020

Првенец на генерација во СМУГС Д-р „Панче Караѓозов“ во Скопје годинава е Ивана Стојановска од Куманово. Оваа титула ја добива, како што вели со посветеноста на училишните обврски поради кои неопходно било да жртвува многу работи, вклучувајќи ги излегувањата со пријателите, но за кои не се покајала. За струката медицински лабораториски техничар, се одлучила бидејќи […]

Оваа недела започнуваат уписите на ученици во прва година во средните училишта

13 јуни 2020

Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување на 16 и 17 јуни 2020 година, информираат од Град Скопје. Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 […]

Скелето стои со месеци, фасадата на „Цветан Димов“ во Чаир сè уште не е завршена

4 февруари 2019

Проектот на Град Скопје за реконструкција на фасадите во средните училишта во Скопје заглави во средното училиште „Цветан Димов”, бидејќи скелето е поставено уште во октомври, но досега ниту еден работник не се појавил да започне со работа, известува „Порталб“. Информацијата ја потврдува директорот на училиштето, Висар Дураку, кој вели дека нема сознанија зошто работите […]

Седумнаесет застрелани во напад на средно училиште на Флорида

15 февруари 2018

Најмалку 17 лица се убиени, а голем број се ранети во средно училиште во американската сојузна држава Флорида, при вооружен напад што се случи вчера пред крајот на наставата во во училиштето „Марџори Стоунмен Даглас“ во Паркленд, седумнаесет километри северно од Мајами. Полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен и дека станува збор за 19-годишниот Николас […]

Ученик уби двајца во средно училиште во САД

24 јануари 2018

Двајца мртви и 17 ранети и повредени е епилогот на крвавиот напад што вчера се случил во средното училиште Маршал Каунти во Бентон, во американската држава Кентаки. Нападот го извршил 15-годишен ученик, а жртвите се негови врсници. Според полицијата, убиецот, кој не е идентификуван, бил уапсен 15-тина минути по нападот во кој животите ги загубија […]

Новата учебна година ќе почне на 4 септември

30 август 2017

Новата учебна 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе почне в понеделник, 4 септември, информираше Министерството за образование и наука. Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во „Службен весник на Република Македонија“, известуваат од МОН.

На првиот упис во средните училишта запишани 11.205 ученици

30 јуни 2017

Во првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование за учебната 2017/2018 година, кое беше спроведено во изминатите два дена, односно 28 и 29 јуни, се пријавиле 17.179, а се запишале 11.205  ученици, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Од учениците кои се запишале, 8.590 се за настава на македонски наставен јазик; […]

Гимназијата во Охрид се огради од летоците со кои учениците се повикуваа на протести

9 март 2017

Откако информацијата за летоците со повик до учениците да учествуваат во протестите на иницијативата „За заедничка Макеоднија“, беше објавена во медиумите и предизвика реакции на политичките партии и особена осуда од јавноста, со соопштение се огласи и средното училишта „Св. Климент Охридски“. Во него се наведува дека училиштето е исклучително професионална институција, која е целосно […]

Ученици од техничкото училиште во Битола протестирале против двојазичноста

1 март 2017

Неколку десетици ученици од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ од Битола претпладнево, околу 10 часот, ја прекинале наставата и излегле во училишниот двор на протест против двојазичноста. Учениците велат дека сами се организирале преку социјалните мрежи, бидејќи не се согласуваат со моменталната политика во државата „да учат албански јазик“. Учениците кои не протестирале, останале во […]

#Одговорност е учебници без грешки, говор на омраза и без навреди

1 ноември 2016

Многу нелогичности, како и стручни, јазични и дидактички грешки честопати се забележуваат во учебниците за основните и за средните училишта, па дури и во тие што се користат на факултетите. Изминативе години имаше повеќе скандалозни случаи со литература за основци, средношколци, па и за студенти, во која има смешни дефиниции, погрешни равенки, збунувачки материјали и содржини кои […]

Новата учебна година ќе ја почнат околу 270.000 ученици

1 септември 2016

Учебната година за основците и за средношколците почнува денеска. Нoвaтa учебнa гoдинa ќе јa пoчнaт oкoлу 270.000 ученици, oд кoи 188.000 oснoвци и 80.000 среднoшкoлци. Спoред последните пoдaтoци од Министерството за образование и наука, зaпишaни се 21.250 првaчињa, нo oвoј брoј не е кoнечен зaштo уписите вo првo oдделение траaт и вo текoт нa септември. […]

Директор на велешка гимназија обвинет за неправилно спроведена екскурзија

22 јули 2016

Велешкото Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против директор на средно училиште во градот, поради основан сомнеж дека сторил кривично дело несовесно работење во службата, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, обвинетиот директор се товари за неправилности во организирањето на екскурзија за учениците од трета година од училиштето. „По завршувањето на постапката за […]

Страна 1 од 2