Порталб: Врсничкото насилство продолжува да биде присутно во училиштата (инфографик)

Фото: Anemone123 на Pixabay

Врсничкото насилство (bullying) во земјава е присутно насекаде, но најмногу со него се соочуваат младите во училиштата, но и на интернет, на улица и на многу други места, пишува порталот на албански јазик Порталб.мк. Она што најмногу вознемирува е тоа што од оваа состојба најпогодени се младите од основните училишта. Најкористениот вид на врсничко насилство се вербалните напади, со што се вклучува психолошката страна на проблемот.

„Порталб.мк“ спроведе анкета за врсничкото насилство за да види дали и колку е тоа присутно во земјава и колку луѓе страдаат од вакви ситуации. Во анкетата учествуваа вкупно 139 лица и одговорите покажуваат дека повеќето од нив се соочуваат со вакви ситуации, а според нив треба да се преземат мерки за да се спречи ваквиот вид насилство.

На прашањата дали некогаш сте доживеале врсничко насилство во вашиот живот, дали сте биле сведоци кога над некого е вршено тоа и дали тоа е присутно во земјава, повеќето одговориле со ДА, што претставува вознемирувачки податок.

На прашањето „Која возрасна група е жртва на булизам?“, дури 76 од 139 испитаници одговориле дека децата во основно училиште доживуваат повеќе вакви ситуации, а 57 други одговориле во средно училиште.

Според одговорите, ситуациите на врсничко насилство се почести во училиштата, при што многу од испитаниците доживеале такви ситуации во училиште. А пак, некои други на улица, на интернет и на други места.

Со оглед на тоа што имаме различни видови на врсничко насилство, едно од прашањата беше со каков вид булизам сте се соочиле, при што повеќето од испитаниците биле соочени со вербално (психолошко) врсничко насилство, додека некои со сајбер и физички булизам, а останатите испитаници не се соочиле со таква ситуација.

Повеќето испитаници се на мислење дека врсничкото насилство може да доведе дури и до самоубиство, така што треба да се преземат мерки за да се спречи тоа. Според нив, булизмот треба повеќе да се пријавува во полицијата и семејството.

Инаку, врсничкото насилство може да има сериозни последици врз луѓето, и според испитаниците, тоа има големо влијание врз психологијата на луѓето и може да доведе до депресија.