МВР со кривична пријава против кочанскиот градоначалник, партиите реагираат

По кривичната пријава на МВР за злоупотреба на службената должност за именување на в.д. директор на средно училиште, реагираше кочанскиот градоначалник, но и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената должност на кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов, затоа што четири пати го именувал истото лице за в.д директор на средното училиште „Гошо Викентиев“, иако знаел дека тоа не го положило испитот за директор во законски утврдениот рок.

По овој потег, реагираше кочанскиот градоначалник, но и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Градоначалникот Папазов во реакцијата вели дека именувањето на в.д. директорот на средното училиште во Кочани го извршил по претходно објавен интерен оглас, на кој имало само пријавен еден кандидат.

„Во ноември 2021 година добив писмена отставка од тогашниот директор на СОУ „Гошо Викентиев“, а на почетокот на декември истата година донесов одлука и беше објавен интерен оглас со пропишаните услови за избор на вршител на должноста директор на училиштето. Беше поднесена една пријава од редот на вработените во училиштето и согласно пријавата донесов одлука за назначување на Спирко Златков за в.д директор. Ова е целата вистина во врска со назначувањето на директор и со обидите да се прави притисок врз работата на градоначалникот. Дали ова е обид да се релативизира и сокрие пријавата од в.д директорот уште пред шест месеци во врска со откриени малверзации од страна на вработени лица во училиштето, блиски роднини на поранешен началник и сегашен инспектор во полицијата, за што сѐ уште ништо не е превземено од страна на МВР“, реагира Папазов.

Од неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа дека кривичната пријава била политички прогон на кочанскиот градоначалник.

„Ова е чист политички прогон за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Ги боли градоначалникот на Кочани, Папазов затоа што работи, ги боли ВМРО-ДПМНЕ затоа што направи очигледна разлика“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да сфатат дека времето на локални шерифи е одамна завршено.

„ДПМНЕ раководена од Христијан Мицкоски а длабоко навлезена во режимската матрица мисли дека нивните градоначалници можат да се однесуваат како локални шерифи како што тоа го правеа во време на режимот, па затоа со сите сили се обидуваат да го заштитат нивниот градоначалник кој е осомничен дека ја злоупотребил службената положба“, стои во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека не чуди што оваа партија брани лица осомничени за сторени кривични дела, како што е последниот случај со нивниот градоначалник на општина Кочани.

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе...