Скопската гимназија „Орце Николов“ ги исполнува стандардите за инклузивно образование

Извор: Фејсбук страница на СУГС „Орце Николов“-Скопје

СУГС „Орце Николов“ Скопје ги пречека учениците во новата учебна година со современ лифт по ISO стандарди наменет за лица со посебни образовни потреби. Од скопската гимназија на нивната Фејсбук страница објавија дека реализираната инвестиција е уште една причина да бидат едно од ретките училишта кои инфраструктурно ги задоволуваат условите за сите ученици.

„Инклузивното образование ги зема предвид индивидуалните потреби за развој на учениците, давајќи еднакви можности за остварување на човековите права и потреби“, велат од СУГС „Орце Николов“.

Инаку, инклузивното образование е многу важно за заедницата, бидејќи по својата дефиниција тоа ја означува состојбата кога различни ученици со различни способности учат заедно во иста училница, без разлика на нивната попреченост, раса, јазик, религија, род или економска состојба.