fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Гардијан: Ако се открие дека Вучиќ е инволвиран во настаните кај Бањска, можни се санкции за Србија

Доколку се утврди вмешаност на српскиот претседател Александар Вучиќ во настаните кај Бањска во Косово, тоа би можело да го промени пристапот на САД и ЕУ во преговорите меѓу Белград и Приштина, а можни се и санкции за Србија, пишува британскиот весник Гардијан.  Весникот додава дека САД досега ги поддржувале преговорите и биле на страната на Европа, бидејќи најголем дел...

Косово го покажа запленетиот арсенал кај Бањска, Србија прогласи Ден на жалост

Косовската полиција јавно го прикажа арсеналот на вооружената група која ги нападна полициските службеници кај селото Бањска во северниот дел на Косово. Косовските власти ги оквалификуваа активностите на оваа група како терористички напад, а двајца од уапсените кај Бањска веќе се изведени пред основниот суд во Приштина. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свлечла ги презентираше доказите по неделните...

Генетиката се користи за спречување или лекување болести, не за нивно поттикнување

Наспроти изнесеното во постот кој го рецензираме, видеото не претставува никакво сведочење за депопулација со ковид, ниту, пак, доставува докази, туку е какофонија од различни теории на заговор, кои имаат за цел да предизвикаат сомнеж во традиционалната медицина и нејзиниот развој кој носи здравствен бенефит, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа...

Пригожин и неговата мистериозна судбина – главен маркер за дезинформации

Жив е или навистина загинал во авионски пад на 23 август? Ова е главната дилема што се наметнува во јавноста по серијата вести и (дез)информации околу падот на компанискиот авион на Евгениј Пригожин, во кој се наоѓал и самиот во моментот на падот, барем според официјалните списоци и официјалните информации што ги лиферува руската влада. Проблемот е што малку...

Казна за возачот што залепи српски грб на тетовски регистерски таблички

Полицијата денес му изрече глоба на лицето кое извесно време возеше автомобил низ Тетово, со дел од табличките покриени со грбот на Србија, односно на местото на „знаменцето“ каде стои кратенката за Северна Македонија - НМК, пишува „Порталб“. СВР Тетово за „Порталб“ извести дека денеска околу 12.30 часот на улицата „Илириjа“ во Тетово го запреле автомобилот марка мерцедес со тетовски...

Проруската партија на Вулин почна иницијатива за приклучување на Србија во БРИКС

Движењето на социјалистите (ДнС), проруска партија на чие чело до неодамна беше контроверзниот поранешен српски министер Александар Вулин, а сегашен директор на државната безбедносна агенција БИА, во парламентот на Србија поднело предлог-резолуција за приклучување на земјата на БРИКС, сојузот на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, известува српски „Данас“. Одлуката би била донесена по широка расправа и спроведен референдум,...

Потпалувачка пропаганда од Србија за уставните измени: „Стануваат ли Македонците малцинство во сопствената држава?“

„Стануваат ли Македонците малцинство во сопствената држава, иако според последниот попис се повеќе од 58 отсто?“. Со оваа реченица српската државна телевизија РТС (Радио Телевизија Србија) го започнува пропагандистичкиот текст против уставните измени кои сè уште се во процес во македонското Собрание и кои се услов за почеток на преговорите за членство на земјава во Европската Унија. Во својот новинарски...

Српскиот министер за одбрана со опасна пропаганда кон С.Македонија и Црна Гора

С.Македонија и Црна Гора се огрешиле кон Србија со признавањето на независноста на Косово, нагласувајќи дека тој чин претставувал отворено мешање во внатрешните работи на една земја, изјави српскиот министер за одбрана и претседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ, пренесува црногорскиот весник Побједа. „Згрешивте и ќе ви се удри по глава, како што во Украина им се удира...

Си-Ен-Ен: Пристапот на Западот кон Вучиќ носи ризик за дестабилизација на Балканот

Во периодот кога Русија ја нападна Украина, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) забрзано се свртеа кон Србија. Нивната политика имаше две цели, прво, Србија да се внесе во западното јато, подалеку од Русија. Второ, да ѝ се овозможи да се фокусира на поддршката на Украина, пишува Си-Ен-Ен во својата анализа. Еден од најблиските сојузници на Москва во...

Се обидуваат ли Курти и Вучиќ тензиите меѓу Приштина и Белград да ги префрлат и кај нас?

Речиси координирано, еден по друг, косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ деновиве со своите изјави се обидуваат да се мешаат во внатрешнополитичките и надворешнополитичките односи на Македонија. По дадените изјави, се поставува прашањето: Се обидуваат ли Курти и Вучиќ тензиите меѓу Приштина и Белград да ги префрлат и во нашата земја? Нивните изјави доаѓаат токму пред,...

Бугарија ја обвинува Србија за репресии врз бугарското малцинство, ќе бара помош од ЕУ

Бугарски пратеници од Европскиот парламент на владејачката коалиција ГЕРБ-СДС ги информира институциите на ЕУ за "репресиите" со кои се соочуваат граѓаните со бугарски идентитет во Србија, јавува mediapool.bg. Ваквиот потег на Бугарија следи откако српските власти спречија внесување на книга од бугарски поет на територијата на нивната земја. Станува збор за случајот со претседателот на невладината организација „Глас“ во Србија...

Убивањето на свињите во Хрватска не е американска агенда, туку заштита од болест

Африканска чума кај свињите е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи, кај сите старосни категории и предизвикува големи економски загуби. Наспроти изнесеното во постот дека САД има некаква врска со убивањето на свињите заразени со болеста во Хрватска, постојат и држави кои не се дел од Европската Унија, како на пример Србија, каде се спроведува истата мерка кај...

Високи функционери бараат дистанцирање на ЕУ и САД од Србија поради владеењето на Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ сè повеќе ги ескалира тензиите во односите со Косово, а западните земји се воздржуваат од критики кон него, што пак како пристап во надворешната политика веќе не функционира. Ова го пишуваат влијателни високи функционери од водечки земји на ЕУ, САД и Велика Британија во писмото што е упатено до нивните влади, пишува германскиот весник Тагесшпигел. Странските...

Невреме во Србија, делови од Белград без струја

Невреме проследено со силен дожд, ветер и град денеска ја зафати Србија. Невремето ги погоди западните делови од земјата, но набрзо стигна и до Белград, објави српскиот сервис на Н1. Први мети на невремето биле Горњи Милановац, селата Коштуниќи, Леушиќи, Теочин, општините Уб и Лајковац. Силниот дожд и ветер во главниот град на Србија пристигнале по 14 часот, при што биле...

Стрип-авторот Игор Јовчевски – специјален гостин на фестивалот „Стрипорама“ во Ниш

Од 10 до 13 август во Ниш ќе се одржи осмото издание на Меѓународниот фестивал на стрип и популарна култура „Стрипорама“. Меѓу 12-те еминетни стрип-уметници од неколку земји, кои се поканети како специјални гости, е и македонскиот автор Игор Јовчевски. Фестивалот „Стрипорама“ го организира стрипарницата „Јужни Дарквуд“ а се одржува во содејство со Меѓународниот џез фестивал „Нишвил“ (Nišville). Тие заедно,...

Нови Сад по вчерашната олуја: загина дете, во клиничкиот центар сместени се 30 луѓе

Последиците од вчерашното невреме во Нови Сад, кога загина 12-годишно дете, можат да се видат дури утрово, јави репортерот на Танјуг од Нови Сад, а пренесе Н1. Во текот на ноќта во Клиничкиот центар во Војводина биле примени 30 пациенти. Сè уште нема информации дали во силното невреме детето загинало од струен удар или од удар на гром. Брзата помош...

Јаневски: Политичките тензии го намалија бројот на бугарски туристи

Во 2023 година ќе треба да се надоместат од 75.000 до 100.000 ноќевања за да се надомести за намалениот број на бугарски туристи, како последица на политичките тензии, рече денеска на прес-конференција Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Како што тој истакна, во 2019 година (последната година пред пандемијата), бугарскиот пазар бил еден од...

Се заканува ново силно невреме, вчерашното заврши со повеќе жртви

По силното невреме кое вчера го погоди регионот, Дирекцијата за цивилна заштита на Министерството за внатрешни работи на Хрватска соопшти дека доаѓа нова облачност од Славонија и дека се можни врнежи со грмежи. Тие објавија и инструкции на Твитер како луѓето да се однесуваат во екот на невремето, од кои една од најважните е да се остане во затворени простории. 🔴🟠Crveno...

Со изменета фотографија лажно се тврди дека филмот „Барби“ е забранет во Србија

Никаде не може да се најде информација дека филмот „Барби“ е забранет во Србија, а во овој филм воопшто не постои мапа на голема Албанија. Ниту, пак, има некаква мапа на која не е прикажана Северна Македонија, за, како што се сугерира во постот, филмот да биде забранет и во нашата држава. Сцената во која Барби стои пред наводна...

Вучиќ по објавата на список со 14 илјади ботови, со иронична изјава: „И јас сум СНС бот“

Неколку дена откако јавноста се запозна со 14.000 бот кориснички сметки кои онлајн го шират словото на Српската напредна партија (СНС), сè уште нема одговор од српската власт во однос на автентичноста на списокот, известува Данас.  Единствениот „одговор“ од страна на претседателот на СНС и премиерот на Србија Александар Вучиќ е објава на Инстаграм на која пишува „Да, и јас...