Невреме проследено со силен дожд, ветер и град денеска ја зафати Србија. Невремето ги погоди западните делови од земјата, но набрзо стигна и до Белград, објави српскиот сервис на Н1.

Први мети на невремето биле Горњи Милановац, селата Коштуниќи, Леушиќи, Теочин, општините Уб и Лајковац.

Силниот дожд и ветер во главниот град на Србија пристигнале по 14 часот, при што биле однесени покриви од куќи и згради, а биле откорнати и дрвја.

Српскиот Републички хидрометеоролошки завод утрово предупреди дека денеска во земјата е активиран црвено-портокалов метео аларм.

Во Белград паѓал град со големина на ореви, јавува Нова.рс.

Во повеќе делови од градот снемало струја, а градоначалникот Александар Шапиќ апелираше граѓаните да не излегуваат надвор.

Српските граѓани на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видеа од паднати гранки и дрвја, поплавени улици и тунели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)