fbpx

Јаневски: Политичките тензии го намалија бројот на бугарски туристи

Поради политичките тензии, опаднат е бројот на бугарски туристи во споредба со во 2019 година, кога бугарскиот пазар спаѓал во топ пет пазари за туризмот во државата

-

Во 2023 година ќе треба да се надоместат од 75.000 до 100.000 ноќевања за да се надомести за намалениот број на бугарски туристи, како последица на политичките тензии, рече денеска на прес-конференција Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Како што тој истакна, во 2019 година (последната година пред пандемијата), бугарскиот пазар бил еден од петте најголеми пазари за туризам во државата. 

Директорот, меѓудругото најави дека дополнително се очекува да се намали бројот на туристи и во Албанија и во Косово, поради желбата за истражување на нови дестинации по пандемијата. 

Во споредба со 2019 година има зголемување на турскиот и српскиот пазар за 66 отсто, односно за 30 отсто. Јаневски очекува и зголемување на бројот на туристи од земји како Словенија, Холандија, Велика Британија и Полска, заради зголемениот број на чартер летови. 

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот забележала и раст во девизниот прилив во првиот квартал на годинава, во споредба со 2019 и 2022 година. Зголемувањето во споредба со 2019 година е 48 отсто, а во споредба со 2022 година е 19 отсто.

„Туризмот покажа дека е дијаметрално различен од економијата и дека е максимално осетлив на пандемски сегменти, но многу брзо приспособлив“, рече Јаневски.

Во 2024 и во 2025 година, намерата на институцијата е конечно да воспостави Национална агенција за туризам како и конечно да се надминат резултатите на најуспешната година за македонскиот туризам – 1988. Таа година во бившата социјалистичка република, биле забележани 3,7 милиони ноќевања и 600 милиони долари девизен прилив. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...