fbpx

Спасовски: На јужната граница е зголемен прометот на патници за 30 oтсто, на Меџитлија за 60 отсто

Прометот на патници на јужната граница е зголемен, споредбено со истиот период од 2022 година и тоа за 32 отсто, беше кажано на вчерашната посета на Битола на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во рамки на проектот на МВР „Отворен Кабинет”

-

Прометот на патници на јужната граница е зголемен, споредбено со истиот период од 2022 година и тоа за 32 отсто, беше кажано на вчерашната посета на Битола на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во рамки на проектот на МВР „Отворен Кабинет”.

На Меџитлија поминале 669.371 патници, што во споредба со истиот период од 2022 година претставува зголемување од 60 проценти.

Од раководството на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, Спасовски бил информиран за состојбата на границите во текот на првото полугодие од 2023, каде биле откриени 60 кривични дела и 896 прекршоци по разни основи.

„Во делот на илегалната миграција, РЦ за ГР „Југ“ има откриено 4.626 илегални мигранти во ова полугодие, при што забележана е тенденција на намалување на обидите за 40% за разлика од истиот период лани. Во делот на крумчарење мигранти откриени се 27 случаи во обид да се прокриумчарат 243 илегални мигранти, при што се поднесени 20 кривични пријави против 28 сторители“, се вели во соопштението на МВР.

Во првото полугодие во 2023 година откриени биле 13 фалсификувани документи, 20 случаи за бесправна сеча и транспорт на дрвна маса, а по оперативна акција за спречување на недозволена трговија со дрога, само на јужната граница пронајдени се и одземени 5 килограми марихуана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...