Видеоигра прикажана како доказ за супер маневрите на руската авијација

Не е првпат клипови од видео игри да се прикажуваат како да се вистински настани од војната во Украина

-

Видеото во постот не покажува никакви супер маневри на руската авијација, туку станува збор за видеоигра и симулација на т.н. кобра маневар. ДЦС е акроним за Digital Combat Simulator, видео игра која симулира воздушна борба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук споделува видео на кое се гледа како борбен авион слетува на носач на авиони и истото се промовира како доказ за импресивните маневри на руските пилоти.

Попладне
Руската Авијација на Најако, стои во постот.

Проверката на Гугл покажува дека станува збор за видеоигра, а не за маневри на руската авијација.

Видеото е објавено на социјалната мрежа Тик-Ток со наслов „ДЦС: Кобра (успешно) слетување на Су-27 на носач на авиони“ и истото има хаштаг „симулација“.

ДЦС е акроним за Digital Combat Simulator, видео игра која симулира воздушна борба.

Су-27 е тип на борбен авион од советско потекло, кој навистина постои. Врз основа на него е дизајниран моделот Су-27 во видео играта DCS, кој играчите можат да го купат за 14,99 долари.

Маневарот Кобра, чија симулација е прикажана на видеото, е вистински маневар. Теоретски, може да се користи за моментално запирање на леталото, предизвикувајќи бркач да помине пред него, како на видеото споделено во постот, но едвај се користи за слетување на намалената писта на бродот. Главно се изведува на аеромитинг и нема документирани случаи да се користи во вистинска борба.

Не е првпат клипови од видео игри да се прикажуваат како да се вистински настани од војната во Украина. Во февруари 2022 година, самото Министерство за одбрана на Украина објави видео создадено со DCS како да е снимка од војната.

Од сето ова може да се заклучи дека видеото во постот не покажува никакви супер маневри на руската авијација, туку станува збор за видео игра и симулација на т.н. кобра маневар. Поради тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

 

hubmk

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...