fbpx

Мистериозно пребегана лавица втор ден се шета во Берлин

Хеликоптери и оклопни возила кои инаку се користат во борба против тероризам, сега се распоредени за да се пронајде мачката. Локалните жители добиле насоки да останат внатре додека животното не биде најдено

-

Германската полиција продолжува со потрагата по лавицата што втор ден талка во предградие на Берлин. Хеликоптери и оклопни возила кои инаку се користат во борба против тероризам, сега се распоредени за да се пронајде ѕверот, пренесува британски „Индепендент“.

Берлинските власти биле предупредени вчера наутро, откако жителите на југозападната периферија на градот пријавиле оти ја виделе дивата мачка во шумата.

Најмалку 30 полициски автомобили се распоредени заедно со камери, флоти со беспилотни летала и ветеринари, со цел да помогнат во потрагата.

Локалните жители добиле насоки да останат внатре додека не се пронајде лавицата. Децата се советувани да не возат велосипеди, а локалната градинка не им дозволува на учениците да играат надвор додека трае потрагата. Жителите се советувани да ги чуваат своите миленици со себе внатре, а издадени се насоки луѓето да ја избегнуваат шумата и, доколку ја видат мачката, да побараат засолниште веднаш.

Видео споделено на Твитер, за кое берлинската полиција верува дека е веродостојно, ја прикажува лавицата како талка низ шумска област во близина на богатото предградие Клајнмахнов.

Германскиот таблоид „Билд“ користел софтвер за геолокација за да ја одреди точната локација, при што било откриено дека се наоѓа на само 30 метри од станбена зграда.

Локалните зоолошки градини и циркуси негираа дека некој од нивните лавови избегал, што предизвика шпекулации оти мачката била чувана приватно како домашно милениче.

Локацијата на животното останува непозната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...