fbpx

Нови Сад по вчерашната олуја: загина дете, во клиничкиот центар сместени се 30 луѓе

Силното невреме, пропратено со дожд, грмежи и силен ветер, синоќа ги зафати и Хрватска и БиХ

-

Последиците од вчерашното невреме во Нови Сад, кога загина 12-годишно дете, можат да се видат дури утрово, јави репортерот на Танјуг од Нови Сад, а пренесе Н1.

Во текот на ноќта во Клиничкиот центар во Војводина биле примени 30 пациенти. Сè уште нема информации дали во силното невреме детето загинало од струен удар или од удар на гром. Брзата помош се обидела со реанимација, која за жал била неуспешна. Обдукцијата треба да ги покаже причините за смртта кај детето. 

Четириесет и петгодишна жена била повредена кога дрво паднало на трафика на белградскиот кеј во близина на Домот на АРМ. Портпаролот на Ургентното одделение, д-р Зоран Круљ изјави дека по укажаната помош таа била пренесена во хируршкото одделение на Ургентниот центар на Клиничкиот центар Војводина.

Силното невреме, пропратено со дожд, грмежи и бурен ветер, синоќа ги зафати и Хрватска и БиХ.

Во невремето, според првичните информации, во Хрватска се повредени се седум лица – шест во кампот во Новиград и едно во Опатија.

„Невремето најтешко го зафати подрачјето на центарот на градот Новиград и областа на паркингот Сирена и хотелот Маестрал, сопственост на компанијата Аминес. Кампот е полн со гости, а поради силниот ветер паднаа десетици големи дрвја, прежно борови. Неколку десетици камп приколки, шатори и автомобили беа оштетени од падот од дрвјата, а причинета е и голема материјална штета“, изјави за агенцијата Хина Дино Козлевац, началник на Штабот за цивилна заштита на округот Истар.

Тој додаде дека пожарникарите и во кампот и во центарот на градот ги исекле сите дрвја кои претставуваат потенцијална опасност за луѓето, а сите служби се на терен. Нема повредени лица, иако итната помош интервенирала бидејќи неколку лица добиле гребаници, но никој не бил хоспитализиран.

Сè уште се трага по италијански државјанин откако ввчера, петнаесетина минути пред невремето, при влегување во водата на Новиград, паднал од чамецот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...