fbpx

Вучиќ по објавата на список со 14 илјади ботови, со иронична изјава: „И јас сум СНС бот“

Неколку дена откако јавноста се запозна со 14.000 бот кориснички сметки кои онлајн го шират словото на Српската напредна партија (СНС), сè уште нема одговор од српската власт во однос на автентичноста на списокот

-

Неколку дена откако јавноста се запозна со 14.000 бот кориснички сметки кои онлајн го шират словото на Српската напредна партија (СНС), сè уште нема одговор од српската власт во однос на автентичноста на списокот, известува Данас

Единствениот „одговор“ од страна на претседателот на СНС и премиерот на Србија Александар Вучиќ е објава на Инстаграм на која пишува „Да, и јас сум бот!“. Оваа објава беше инспирирана од иста таква објава на пратеникот од СНС Небојша Бакарец. Тој изјави дека би се „гордеел“ ако се пронајде на списокот. На објавената фотографија прикачена на двете објави се гледаат луѓе како јадат сендвичи, кокетирајќи со честото обвинение против СНС, дека тие ги потплатуваат своите подржувачи со сендвичи, анализира Нова.рс.


Инаку, на интернет минатата недела се појави листа од 14.310 профили на владејачката партија СНС, на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Тик Ток, кои на партијата ѝ испраќаат свои пораки и коментари во кои го идеализираат претседателот Александар Вучиќ и неговите политики или пак ги навредуваат и напаѓаат сите оние кои не мислат така.

„Ако сето ова е точно, тогаш тоа е само уште еден знак за нарушување на слободите, знак дека единствено е важно како нешто е претставено, без разлика колку е точно или не. Тоа е обид да се формира поинаква слика, пред сè, за политичките противници“, изјави Зорана Михаловиќ, потпретседателката на српската влада од 2014 до 2022 година и доскорешен член на СНС.

Таа тврди дека додека бил член на партијата немала информации за постоењето на вакви ботовски мрежи. 

„Но, како и сите други, можев да видам дека на одредени вести хорски се реагираше; на одредени луѓе се реагираше со речиси исти реченици и дека има некаков урнек за тоа во која ситуација како да се реагира“, дополнува Михајловиќ.

„Со оглед на количината на податоци, но и одредени (видливи) неточности при внесувањето податоци, невозможно е да се тврди дека сето наведено во објавениот список е точно. Сепак, судејќи според првичните реакции и информации, вклучително и информациите до кои дојде нашата редакција, нема простор за поголеми замерки за автентичноста“, велат од Fake News Tragač.

Fake News Tragač исто така воспоставиле контакт со едно од лицата чие име било на објавениот список. Анонимното лице вели дека негова задача било да „лајкува“ и споделува содржини објавени од СНС. Највпечатливо, истото лице вели дека тој не бил дополнително платен за овој труд, туку дека тоа било предуслов за да си ја задржи својата работа.

Ваквата исповед се совпаѓа со изјавите на Јована Брајовиќ во нејзиното интервју за Н1. Таа јавно објасни како била ангажирана да води неколку онлајн профили и била уценета дека ако не го стори тоа ќе ја загуби работата во хидроелектраната Ѓердап.

Но, зошто е толку важно што Српската напредна партија наводно најмува луѓе кои ќе ја промовираат партијата по социјалните мрежи? Како што пишуваат Balkan Insight во нивното истражување од 2020 година, објавите од ботовските кориснички сметки често се претставени во провладините медиуми како „гласот на народот“.

„Твитовите често беа искористени како доказ за непопуларноста на противниците на Вучиќ; други беа искористени и од српските и од руските медиуми како доказ за популарноста на рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета во српскиот главен град во јануари 2019 година“, пишува БИРН. 

По датумот на објавата на истражувањето може да се забележи дека обвиненијата против Српската напредна партија за користење ботовски мрежи не се нови. Па така, во 2020 година, Твитер избриша 8.558 кориснички профили кои ја „промовирале српската владејачка партија и нејзиниот лидер“.

Истата година, БИРН објави обемна истражувачка сторија за Castle.rs. Станува збор за веб-страница на која се даваат упатства за како точно да се „ботува“. На пример, корисник на веб-страната може да се сретне со линк до медиумска објава за Вучиќ со упатство како треба да „одговараме на негативни коментари!!!“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...