fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Вучиќ по објавата на список со 14 илјади ботови, со иронична изјава: „И јас сум СНС бот“

Неколку дена откако јавноста се запозна со 14.000 бот кориснички сметки кои онлајн го шират словото на Српската напредна партија (СНС), сè уште нема одговор од српската власт во однос на автентичноста на списокот, известува Данас.  Единствениот „одговор“ од страна на претседателот на СНС и премиерот на Србија Александар Вучиќ е објава на Инстаграм на која пишува „Да, и јас...

Александар Вулин на „црната листа“ на САД поради криминал, нелегални операции со наркотици и злоупотреби

Aмбасадата на Соединетите Американски Држави во Србија соопшти дека американското Министерство за финансии изрекло санкции против директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин и нагласи дека оваа акција не е насочена кон ниту една од институциите на Србија. Во соопштението се наведува дека Александар Вулин, висок функционер на Владата на Србија, бил вклучен во транснационален организиран криминал, нелегални операции поврзани...

Брајовиќ: Бев бот за Српската напредна странка за да си ја задржам работата

Јована Брајовиќ од Сурдулица, во изјава за српската телевизија Н1 тврди дека е поранешен член на официјалниот интернет тим на Српската напредна странка, кој бил предводен од државниот секретар. Брајовиќ била најактивен член на активностите од страна на Српската напредна странка. Во интервјуто Брајовиќ ја открива нејзината вмешаност во онлајн тимот спонзориран од СНС, чија целна група биле политичките неистомисленици...

Ескобар: Курти ќе ја пропушти шансата ако не се координира со европските партнери

Заменикот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, рече дека европскиот план за Косово е добар и дека „не одговара на ниту една страна“. Тој додал дека косовскиот премиер Албин Курти ќе ја „пропушти можноста“ доколку не се согласи да го спроведе планот и да се координира со...

Од 1 јули патарините во Македонија и Србија ќе може да се плаќаат со еден таг

Системот за заедничка електронска наплата на патарина на автопатите во Македонија и Србија ќе започне да се имплементира од 1 јули годинава, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. Со овој потег, возачите веќе нема да треба да застануваат и да купуваат додатни уреди или картички во друга земја, туку со еден уред ќе можат да плаќаат патарина во...

Кина ја одби Србија за одложено плаќање на кредитите, Александар Вучиќ бара помош од ЕУ

Српската влада неодамна се обидела да договори репрограмирање на долгот што го има кон кинеските кредитори, но партнерите од Пекинг не биле заинтересирани за било какви отстапки за одложено плаќање на кредитите, пишува српскиот портал Демостат кој го пренесува и белградскиот неделник Време. По негативниот одговор што го добиле од Кина, претседателот Александар Вучиќ побарал помош од премиерот на Луксембург,...

Експлодира граната во дворот на општината во Северна Митровица, Курти обвинува за терористички напад

Рачна граната експлодирала синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јавија косовските медиуми. За синоќешната детонација се огласи и премиерот на Косово, Албин Курти, кој за разлика од полицијата, напиша дека во дворот на општинската зграда всушност биле фрлени две рачни бомби. „Со експлозивна направа беше нападната...

Србија ги ослободи тројцата косовски полицајци

Тројцата полицајци кои кон средината на месецов беа уапсени од српските власти, како што тврдеше Белград, односно кои според Приштина беа „киднапирани“, сега се ослободени, пренесува Kossev.info. Адвокатот на уапсените ја потврдил информацијата за српскиот сервис на Радио Слободна Европа. „Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и тие ќе се бранат од слобода“, изјавил адвокатот Градимир Налиќ кој додаде дека...

Борел бара од Вучиќ да ги ослободи тројцата косовски полицајци безусловно

Шефот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, по одвоените средби што ги имаше со премиерот на Косово, Албин Курти и со српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференција кажа дека побарал од Вучиќ да ги ослободи тројцата косовски полицајци кои се држат во Србија од 14 јуни. „Идентификувавме можен начин напред на кој двете страни мора да ги исполнат своите...

Вучиќ и Курти ја условуваат средбата во Брисел, поставени блокади на патиштата кон Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да оди во Брисел на средба со европските претставници и преговори со Албин Курти, додека секој уапсен Србин на Косово не биде ослободен. Тој разговорите ги услови и со повлекување на, како што рече, „лажните градоначалници од северот“, пренесува Kossev.info. „Нема да одам да разговарам со Курти додека не биде ослободен секој...

Курти со „предлог“ за северот на Косово, во Косовска Митровица станува тензично

Премиерот на Косово, Албин Курти, појасни дека денеска на меѓународните претставници им предал свој предлог од пет точки за решавање на ситуацијата на северот на Косово, меѓу кои и распишување вонредни локални избори таму, како што бараше ЕУ и меѓународната заедница, јавуваат српските медиуми. Сепак, како прва точка, односно услов, тој наведува спроведување на законот во четирите општини со српско...

Четириесет дена од масакрот во „Владислав Рибникар“: cвеќи и цвеќиња за жртвите

Во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, денеска се одбележуваат 40 дена од убиството на девет ученици и еден чувар. Училиштето, како што пренесуваат српските медиуми, е отворено од 10 до 18 часот за граѓаните кои сакаат да положат цвеќе или да запалат свеќа во спомен на жртвите. Граѓаните во масовен број денеска оставаат плишани играчки и палат свеќи...

Кој шири дезинформации за и на Косово?

Оваа сторија од Ардит Кика беше изворно изработена за и објавена од Kosovo 2.0 како дел од проектот Western Balkans Anti-Disinformation Hub project. Таа е реобјавена овде со дозвола.    Србија, Русија и Кина се главните носители на дезинформации за и во Косово. Публиката што зборува српски е повеќе погодена од дезинформациите од српските и руските медиуми, додека кинеската е насочена...

Меѓународниот механизам за кривични трибунали ја потврди пресудата за Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ

Апелациската комора на Меѓународниот резидуален механизам за кривичните трибунали (IRMCT) донесе пресуда во случајот против двајца поранешни раководители на Службата за државна безбедност (СДБ) при МВР на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, со што ја потврди првичната првостепената пресуда и им ја зголеми казната на 15 години затвор. Тие се осудени дека како дел од поголема криминална група...

Српски новинар приведен по протестот во Белград оти носел кукла „обесен Вучиќ“

Српскиот новинар Бошко Савковиќ е приведен бидејќи на протестот „Србија против насилството“ што се одржа во саботата носел „обесена кукла со ликот на претседателот на Србија Акендар Вучиќ“, јави телевизијата Н1. Информацијата за телевизијата ја потврдил адвокатот на Савковиќ. Премиерката на Србија Ана Брнабиќ сподели на Твитер фотографија од петтиот протест против насилството, на која се гледа транспарент од кој виси...

Ескобар: Тензиите на Косово се резултат на несоработката на Приштина со меѓународната заедница

Ескалацијата на северот на Косово делумно е резултат на неподготвеноста на официјална Приштина да ја слуша меѓународната заедница, изјави за Би-би-си американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Тој додаде дека порастот на тензиите на север можеше да се избегне: „Оваа ескалација делумно е резултат на неподготвеноста на косовската страна да ја слуша меѓународната заедница. Таа предизвика тензии, непотребно, со инсистирање...

Њујорк тајмс: Најголемите улични протести во Србија по соборувањето на Милошевиќ

Протестите во Србија поради минатомесечните масовни убиства во саботата се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград откако во 2000 година беше соборен поранешниот српски претеседател Слободан Милошевиќ, пишува Њујорк Тајмс. Протестите „Србија против насилството“, кои се одржуваат еднаш неделно, добија замав од почетокот на мај, кога 18 лица беа убиени во два масакри - едниот во училиште во Белград,...

ЕУ ги повика Косово и Србија на деескалација, се закани со решителни мерки

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, денеска, говорејќи во име на ЕУ, ги повика Косово и Србија веднаш и безусловно да преземат мерки за деескалација, да престанат да ја користат реториката на поделба и да се воздржат од какви било некоординирани дејствија. „Во спротивно, Европската Унија е подготвена да спроведе решителни мерки. Непостигнувањето деескалација...

Продолжен притворот на таткото на детето кое изврши масакр во белградското училиште

Вишиот суд во Белград му го продолжи за 30 дена притворот на таткото на момчето кое го изврши масакрот на 3 мај во белградското училиште „Владислав Рибникар“, во кое животот го загубија 10 лица и шестмина беа ранети, јавува Радио-телевизија Србија. Притворот на таткото е продолжен на предлог на обвинителството поради посебни околности кои укажуваат дека обвинетото лице може да...

Макрон и Хил повикаа на одговорност од косовските власти за новите тензии

Приштина ќе сноси последици затоа што не го послуша Вашингтон и актуелните настани ќе влијаат на нашите односи, изјави амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, а пренесе „Нова.рс“. Во обраќањето пред новинарите во Белград, Хил рече дека ова се многу тешки денови за Косово и потсети дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен рекол оти САД се противат на потезите...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...