fbpx

Меѓународниот механизам за кривични трибунали ја потврди пресудата за Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ

Тие се осудени дека како дел од поголема криминална група вршеле етничко чистење за време на војната во Босна и Херцеговина во деведесетите

-

Апелациската комора на Меѓународниот резидуален механизам за кривичните трибунали (IRMCT) донесе пресуда во случајот против двајца поранешни раководители на Службата за државна безбедност (СДБ) при МВР на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, со што ја потврди првичната првостепената пресуда и им ја зголеми казната на 15 години затвор. Тие се осудени дека како дел од поголема криминална група вршеле етничко чистење за време на војната во Босна и Херцеговина во деведесетите.

Фондацијата Фонд за хуманитарно право од Белград нагласува дека ова е финалната и недвосмислана потврда за учеството на Република Србија во оружените конфликти во Босна и Херцеговина и во Хрватска.

„Највисоките функционери на СДБ на Република Србија се осудени како членови на голема криминална групација, за злосторствата сторени од Српската доброволечка гарда (СДГ), Единицата за специјални операции (ЈСО) – „Црвените беретки“, Полицијата на Мартич и Скорпионите во 1992 година во Босна и Херцеговина: Бјељина, Зворник, Босански Шамац, Добој и Сански Мост и за злосторствата изврштени во 1995 година во Трново и Сански Мост, како и за убиството на Марија Сенаши, извршено на планината Даљ во Хрватска во јуни 1992“, напоменува Фондот за хуманитарно право.

Апелациската комора пресуди дека Станишиќ и Симатовиќ, заедно со други воени, политички и полициски раководители од Србија, од тн. САО Краина, САО Славонија, Барања и Западен Срем, како и од Република Српска, сочинувале дел од голема криминална група која имала за цел трајно протерување на несрпското население од териториите под контрола на српските сили во БиХ и Хрватска, односно етничко чистење.

„Пресудите во овој случај утврдија голем број факти за малтретирање, заробување, протерување, убиства и други кривични дела против припадници на несрпското население во Хрватска и БиХ. Утврдена е одговорноста и на припадници на ЈНА, како и на специјалните полициски сили, меѓу кои е и Српската доброволечка гарда, командувана од Жељко Ражњатовиќ – Аркан. Канцеларијата на Обвинителот за воени злосторства на Република Србија мора да ги земе предвид фактите за улогата на овие единици во воените злосторства и да ги години идоговорните. Видео за годишнината на Единицата за специјални операции во 1997 година во Кула е клучен доказ за учесниците во заедничката криминална група командувана од Станишиќ и Симатовиќ. Треба да се одбележи дека покрај Скорпионите, коишто беа судени за убиство на мажи и момчиња од Сребреница во Трново во јули 1995 година, ниту еден друг припадник на единиците контролирани од СДБ не е кривично гонет од судските органи на Република Србија, иако нивните злосторства се опишани во детали во пресудите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и на (IRMCT) во случајот на Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ“, коментира Фондот за хуманитарно право (ФХП).

ФХП порачува дека имајќи ги предвид функциите извршувани од Станишик и Симатовиќ во националната власт во Република Србија и обемот и важноста на нивното учество во злосторствата, како и на страдањата на жртвите и сериозноста нартвите и сериозноста на злосторствата за коишто тие се одговорни, пресудата на Апелациската комора на IRMCT за 15 години затвор, е несоодветно блага.

Правосилната пресуда за Станишиќ и Симатовиќ е исто така последната пресуда на Меѓународниот кривичен суд за злосторствата во поранешна Југославија и на Меѓународниот резидуален механизам за кривичните трибунали (IRMCT) за делата сторени во поранешна Југославија.

Станишиќ и Симатовиќ беа уапсени во Србија на 13 март 2003 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...