fbpx

Брајовиќ: Бев бот за Српската напредна странка за да си ја задржам работата

Во интервјуто за Н1 Брајановиќ рече дека добила работа од СНС, па се согласила да ги навредува и омаловажува политичките неистомисленици и членовите на Социјалистичката партија на Србија

-

Јована Брајовиќ од Сурдулица, во изјава за српската телевизија Н1 тврди дека е поранешен член на официјалниот интернет тим на Српската напредна странка, кој бил предводен од државниот секретар. Брајовиќ била најактивен член на активностите од страна на Српската напредна странка.

Во интервјуто Брајовиќ ја открива нејзината вмешаност во онлајн тимот спонзориран од СНС, чија целна група биле политичките неистомисленици и членови на Социјалистичката партија на Србија.

Инаку, интервјуто следува откако на интернет се појави листа од 14.310 профили на владејачката партија СНС, на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Тик Ток, кои на партијата ѝ испраќаат свои пораки и коментари во кои го идеализираат претседателот Александар Вучиќ и неговите политики или пак ги навредуваат и напаѓаат сите оние кои не мислат така.

Еден од тие ботови, според Н1 е и Брајовиќ, која открива дека прифатила работа од партијата, поради што ги навредувала и омаловажувала поединците кои се противат на агендата на партијата.

Брајовиќ е родена во Сурдулица во 1985 година, е дипломирана компјутерска електротехничарка и моментално вработена во хидроелектраната Ѓердап, сервис на АД Кладово.

Таа објасни дека првично работела како чистачка четири години, а потоа три години како рецепционер, а моментално е вработена во електро-секторот во хидроцентралата „Врла 3“ во Масурица.

Сопартиец ѝ е нејзиниот директор Бобан Петровиќ, за кого таа рече дека поднела тужба за мобинг. Таа во интервјуто ги опишува и тешките услови за работа со кои се соочила и како се чуствувала за време на навредувањето и омаловажувањето кое го вршела врз партиските неистомисленици.

Брајовиќ откри дека имала повеќе профили на социјалните мрежи, вклучително и главен профил наречен „Ксенија Савиќ“, преку кој спроведувала активности според инструкциите на интернет тимот на партијата. Таа додаде дека тимот цели на поединци на платформата Твитер и дека тој тим учествувал во политички напади, вклучително и лични навреди упатени кон семејствата.

Изразувајќи каење за своите постапки, Брајовиќ како самохрана родителка вели дека ги изразува нејзините чувства на срам кога ќе се сретне со оние што ги навредувала јавно.

Драган Видаковиќ, основачот и претседателот на Српското движење „Герила“, на својот Твитер профил сподели список со имиња на ботовите кои работеле за СНС. Во неколку од неговите твитови, тој споделува и дека добива закани.

Српската напредна странка и нејзините функционери допрво се очекува да реагираат по изјавата на Брајовиќ.

ИзворN1

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...