Кина ја одби Србија за одложено плаќање на кредитите, Александар Вучиќ бара помош од ЕУ

Според податоците на српската Управа за јавен долг, Србија во моментов има обврски кон кинеската Експорт-импорт банка во висина од 2,26 милијарди евра. Покрај ова, постои и долг од 23,78 милиони евра кон унгарската филијала на Банката на Кина за изградба на канализациона инфраструктура во 11 српски градови. За сите овие кинески кредити оваа година Србија ќе мора да обезбеди 128 милиони евра

-

Српската влада неодамна се обидела да договори репрограмирање на долгот што го има кон кинеските кредитори, но партнерите од Пекинг не биле заинтересирани за било какви отстапки за одложено плаќање на кредитите, пишува српскиот портал Демостат кој го пренесува и белградскиот неделник Време.

По негативниот одговор што го добиле од Кина, претседателот Александар Вучиќ побарал помош од премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел на маргините на неодамнешниот европски самит што се одржа во Молдавија.

Според податоците на српската Управа за јавен долг, Србија во моментов има обврски кон кинеската Експорт-импорт банка во висина од 2,26 милијарди евра. Покрај ова, постои и долг од 23,78 милиони евра кон унгарската филијала на Банката на Кина за изградба на канализациона инфраструктура во 11 српски градови.

За сите овие кинески кредити оваа година Србија ќе мора да обезбеди 128 милиони евра, само за отплата на главнината, како што покажува пресметката врз основ на добиените податоци од републичкиот буџет за 2023 година.

Новинарската анализа додава дека веќе наредната година Србија ја чека отплата на позајмувања во износ од 706 милиони евра.

Според написот, Србија со кинеските партнери потпишала договори за кредити во вкупен износ од барем 4,3 милијарди евра, од кои само 2,2 милијарди евра се прикажани како состојба на долг. Дел од овие 4,3 милијарди евра веќе се отплатени, но има и дел којшто не е повлечен од српските власти до денешен ден.

Доколку српските власти ги потврдат и официјално на хартија барањата испратени до ЕУ за помош при отплата на кинеските кредити, Србија ќе биде втората земја од регионов која што ќе побара помош од Европската Унија. Претходно, во март 2021 година, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ испрати барање за помош од ЕУ за отплата на кинескиот кредит што го зедоа за изградба на првиот дел од автопатот Бар-Болјари.

Инаку, Мета.мк пролетва пишуваше дека меѓу земјите од Западен Балкан, Србија е апсолутен рекордер според кредитното задолжување кон Кина и приливот на кинески капитал. Податоците од истражувањето „China Global Investment Tracker“ на Американскиот институт за претприемништво и Фондацијата Херитиџ покажуваат дека од 2005 до 2022 година во Србија влегол кинески капитал во висина од дури 17,27 милијарди долари, од кои фантастични 13,98 милијарди долари биле во форма на кинески кредити. Занимлив податок е дека речиси сите овие кредити се земени во периодот на владеење на Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ.

Кинески капитал во регионот: Србија светски рекордер, Македонија во „златна средина“ [инфографик]

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос, во интервју...

Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога...

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во...

„Системот убива, институциите молчат“ – протестен марш на семејствата на жртвите од Кочани

Со транспаренти на кои пишуваше „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, „Селективна одговорност е неодговорност, бараме правда!“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ и „Системот убива, институциите молчат“,...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос,...