Бојер: Членството на Северна Македонија во ЕУ е важно за регионалната и глобалната безебедност

Според Бојер, членството на Северна Македонија во ЕУ е важно за безбедноста и стабилноста пошироко, додека за темпото на пристапување вели дека треба да одлучи блокот

-

Важно за регионалната и глобалната безбедност е Северна Македонија да се фокусира на демократијата и владеењето на правото, изјави за Гласот на Америка на македонски заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за европска и НАТО политика, Спенсер Бојер.

Бојер во разговорот вели дека односот меѓу САД и Северна Македонија во делот на одбраната е основа за севкупните билатерални процеси.

„Се разбира, ние се грижиме за демократијата и владеењето на правото во целина за сите наши сојузници и партнери. Сметаме дека фокусирањето на тие работи и постоењето силни демократии се важни за да се има силни системи за да бидат отпорни, да придонесат пошироко за регионалната и глобалната безбедност. Така што тоа е секогаш важно“, вели Бојер.

Тој вели дека Пентагон многу придонесува за развојот на Северна Македонија и кон целосна модернизација.

„И тоа е нешто што го гледаме како важно во однос на нивната способност да придонесат за Алијансата, за регионалната безбедност. Така што мислам дека напорите за обука што ги имаме, вежбите што ги правевме заедно, она што го правиме за да ѝ помогнеме на Северна Македонија да продолжи да ги развива своите вооружени сили, тие се работи кои ги гледаме како важни во целина“, вели Бојер во разговорот за Гласот на Америка на македонски.

Според него, членството на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) е важно за безбедноста и стабилноста пошироко, додека за темпото на пристапување вели дека треба да одлучи блокот.

„Нема да навлегувам во спецификите на односот меѓу Бугарија и Северна Македонија за конкретни политички прашања. Тоа ќе го оставам на другите да го направат, но она што би го кажал за Европската Унија и аспирацијата на Северна Македонија да стане членка, е нешто што ние целосно го поддржуваме. Се разбира, зависи од Европската Унија да донесе сопствена одлука за членството, но ние го гледаме процесот на придвижување кон членство во ЕУ, пошироката евроатлантска интеграција, да се надгради на влезот на Северна Македонија во НАТО во 2020 година, како важно“, вели Бојер.

Заменик-помошникот секретар за одбрана на САД во интервјуто вели дека САД го ценат она што Северна Македонија го направила во однос на придонесот со војници во мисијата на НАТО во Косово, од која САД се дел со децении, а ја пофали и поддршката на земјава за Украина.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...