fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Србија наредната недела оди на избори, трката неизвесна особено во Белград

На 17 декември во Србија ќе се одржат предвремени парламентарни и локални избори, кои претставуваат своевиден референдум за поддршката на српскиот претседател Александар Вучиќ. Додека српската опозиција се жали дека условите за учество на изборите не се фер и демократски, особено на правото на еднаков пристап на власта и опозицијата во медиумите, за власта на Вучиќ овие избори ќе...

Земјотрес во Србија: „Сè околу нас почна да се тресе“

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 9 часот и 47 минути го погоди Петровац на Млава, соопшти српскиот Републички сеизмолошки завод, објави ТВ Н1. Интензитетот во епицентарот е проценет на од V до VI од Меркалиевата скала. „Земјотресите со таков интензитет можат да предизвикаат многу мали оштетувања на објектите во епицентралното подрачје“, наведуваат од Институтот. По овој...

Дојави за бомби во повеќе училишта во Белград

Основните училишта „Владислав Рибникар“ во Врачар, „Исидора Секулиќ“ во Савски венец, „Јован Миодраговиќ“ во Врачар и „Обединети нации“ во Церак, „Ратко Митровиќ“ во Нов Белград, „Владимир Роловиќ“ и „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац се само дел од оние во кои денеска имало дојави за бомби, пренесува Н1.  Учениците од ОУ „Исидора Секулиќ“ биле испратени дома, а од ОУ „Јован Миодраговиќ“ го...

Столтенберг-Вучиќ: Учесниците во Бањска мора да одговараат, добро е што Србија сака да соработува

Формирањето Заедница на општини со српско мнозинство е клучот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по средбата со српскиот претседател. Официјалниот претставник на НАТО допатува во Белград од Приштина, како дел од неговата повеќедневна посета на регионот на Западен Балкан. „Србија е важен регионален учесник и долгорочен партнер на НАТО, добар...

Повредени 52 лица во судир меѓу патнички и товарен воз во Србија

Во судир меѓу патнички и товарен воз во северниот дел од Србија се повредени 52 лица, јавува Радио-телевизија Србија. Железничката несреќа се случила вчера вечер, која патничкиот воз налетал на товарен воз на отворена пруга меѓу Оџаци и Ратково. Меѓу повредените, три лица се задржани во болница, а најтешко повреден е машиновозачот на патничкиот воз. Железничка комисија за истрага на...

Потпишан меморандум меѓу Македонија и Србија за брз воз од Скопје до Ниш

Денеска во Белград беше потпишан меморандум од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, за изградба на железничка мрежа со високи перформанси на Коридорот 10. Станува збор за железничка мрежа која би ги поврзала Скопје и Ниш и би поддржала пат со брзи возови, кои би се движеле...

„Тргнува“ пругата за брзи возови, утре ќе се потпишува договор со Србија

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ, јави Радио телевизија на Војводина. „Ќе потпишеме Меморандум со Македонија и јас сум особено горд на тоа“, нагласи Весиќ. Тој изјави дека...

Србија на граничните премини инсталира кинески скенери забранети од САД и ЕУ

Министерството за внатрешни работи на Србија на граничните премини со соседните земји започна да поставува мобилни скенери од кинескиот производител Nuctech, кои се забранети во САД, а во ЕУ компанијата е пред постапка за исклучување од тендерите поради безбедносни причини, пренесува Радио Слободна Европа на македонски јазик. Компанијата Nuctech е впишана на црната листа на САД уште од 2020 година,...

Прорускиот политичар Александар Вулин даде оставка од директорската позиција во БИА

Еден од главните руски играчи во Србија, директорот на Безбедносната информативна агенција (БИА) Александар Вулин денеска поднесе оставка од функцијата, пренесува весникот Данас. Оставката доаѓа по речиси 11 месеци откако беше именуван на оваа функција од страна на актуелната српска власт. Во текот на неколкумесечното раководење со моќната БИА, во септември се случи вооружениот инцидент кај селото Бањска во северно...

Дезинформациите околу Израел ги поклопуваат дезинфо наративите за Украина

Откако во февруари 2022 година почна засилената проруска пропаганда преку десетина наративи, врз кои се пласираа специфични дезинформации околу агресијата во Украина, како и по периодичните дезинформации што можат да се прочитаат за случувањата во Косово, за првпат се регистрираат дезинформациски наративи и за војната во Израел, делумно кај медиумите, но уште повеќе на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во...

Средба Вучиќ-Фон дер Лајен: Предуслов за членството на Србија во ЕУ е признавањето на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен призна дека Србија на патот за членство во ЕУ има две пречки - прашањето за признавањето на Косово и воведувањето на санкции на Русија, пренесува Радио-телевизија Србија. „Во секој случај тоа се два големи проблеми. Се разбира, останува и понатаму да се спроведуваат реформи...

Тројца мртви во пукање меѓу мигранти во близина на српско-унгарската граница

Рано утрово се случило пукање меѓу мигранти во близина на српското село Хоргош, кое се наоѓа непосредно до српско-унгарската граница. Има тројца загинати и еден сериозно повредено лице, ивестуваат од Радио слободна Eвропа. Српската полиција сѐ уште нема официјална изјава во врска со пукањето, но се присутни во голем број на местото каде што истото се случило. Радио-телевизија Србија известува дека...

Вајзнер: Србија е на прво место во Европа по број на масовни убиства

Србија е првата земја во Европа според бројот на масовни убиства во изминатите 10 години, изјавил за неделникот НИН Александар Вајзнер, доцент на Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир на ОН, кој спровел истражување за проблемот. Тој рекол дека во Србија од 2013 до 2023 година имало девет масовни убиства во кои биле убиени или ранети...

Објава манипулира со непостоечки „душмански напад“ врз православието

Ниту Македонија, ниту Русија, ниту Србија не се нападнати, како што дезинформираа оваа објава на фејсбук. Русија ја нападна Украина, Македонија има спор со Бугарија, а Србија проблем со Косово. Трите состојби во трите држави се засебни, конкретни и не може да се влече паралела дека некој однадвор ги инструира или ги предизвикува тие состојби, особено не за да...

Уапсен Милан Радоичиќ, одреден му е 48-часовен притвор

На доскорешниот потпретседател на Српската листа Милан Радоичиќ, денеска му е одреден притвор од 48 часа, откако полициските службеници на Управата за криминалистичка полиција извршиле претрес во неговиот стан и други простории, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Како што пренесува Н1, Радоичиќ пред неколку денови се одзва на повикот на државните органи на Република Србија и тогаш беше соопштено...

Вучиќ најави докази за настаните во Бањска, Дачиќ призна дека згрешил кога рекол дека на видеото објавено од косовските власти се гледа снег

Спскиот претседател Александар Вучиќ денеска во видеобраќање на својот профил на Инстаграм изјави дека во рок од 24 часа на јавноста ќе ѝ бидат презентирани докази и изјави од очевидци кои биле на местото на вооружениот инцидент во селото Бањска во Косово минатиот викенд. Изминатите седум дена, пред колку што и беше извршен нападот на северот на Косово, како што...

Вучиќ го копира Донбас и го применува на Косово

Адвокатот Чедомир Стојковиќ во интервју за „Побједа“ вели дека Радоичиќ за претседателот на Србија е исто како што е Пригожин за Путин, Вучиќ го копира Донбас и го применува на Косово. Вучиќ овозможи сите инфраструктурни вработувања на југот од земјата да се добијат преку фирмите на Милан Радоичиќ со огромни маржи. На овој начин, Вучиќ му овозможи на Радоичиќ да...

Увезено, па вратено српско млеко со афлатоксин ги скара опозицијата и Агенцијата за храна

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека на 21 септември во земјава биле увезени преку 20 тони српско млеко, кое било пуштено во промет, иако содржело афлатоксин М-1 над максимално дозволените граници, и со тоа е штетно за човековото здравје. „Наодите покажуваат дека иако млекото содржи канцерогени материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република...

Градоначалници во Србија си даваат оставки, ќе има општи избори на 17 декември?

Се подготвува ли Србија за парламентарни, регионални и локални избори кои би се одржале на 17 декември годинава? По вчерашното интервју на претседателот Александар Вучиќ дека изборите би можеле да се одржат на овој датум, денеска градоначалниците на повеќе општини си поднесоа оставки. Како што јавува Радио-телевизија Србија, оставки си поднеле градоначалниците на Нови Пазар, Краљево, Смедерево, Шабац и претседателите...

Гардијан: Ако се открие дека Вучиќ е инволвиран во настаните кај Бањска, можни се санкции за Србија

Доколку се утврди вмешаност на српскиот претседател Александар Вучиќ во настаните кај Бањска во Косово, тоа би можело да го промени пристапот на САД и ЕУ во преговорите меѓу Белград и Приштина, а можни се и санкции за Србија, пишува британскиот весник Гардијан.  Весникот додава дека САД досега ги поддржувале преговорите и биле на страната на Европа, бидејќи најголем дел...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...