fbpx

Повредени 52 лица во судир меѓу патнички и товарен воз во Србија

Меѓу повредените, три лица се задржани во болница, а најтешко повреден е машиновозачот на патничкиот воз

-

Во судир меѓу патнички и товарен воз во северниот дел од Србија се повредени 52 лица, јавува Радио-телевизија Србија. Железничката несреќа се случила вчера вечер, која патничкиот воз налетал на товарен воз на отворена пруга меѓу Оџаци и Ратково. Меѓу повредените, три лица се задржани во болница, а најтешко повреден е машиновозачот на патничкиот воз.

Железничка комисија за истрага на вонредни настани ќе работи на откривање на причините за несреќата, но првичните информации се дека човечка грешка е причината за судирот на двата воза. Двата воза сообраќале од Нови Сад кон Богоево.

Радио-телевизија Србија известува дека на овој дел од пругата патничките возови се движат со брзина од околу 100 километри на час. Машиновозачот на патничкиот воз навреме го забележал товарниот воз што се наоѓа на пругата пред него и веднаш почнал да кочи. Доколку бил со полна брзина, железничката несреќа ќе имала многу повеќе жртви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...