fbpx

Стапи на сила новиот закон за увоз на работна сила во Германија, што носи тој?

Од денеска во Германија постепено почнува да важи новиот Закон за квалификувана имиграција

-

На Германија итно ѝ треба стручна работна сила. Политичарите, компаниите и експертите се сложуваат дека дупките на пазарот на трудот мора да се пополнат со помош на странски работници. Од денеска постепено почнува да важи новиот Закон за квалификувана имиграција, пренесува германската новинска агенција ДПА. 

Станува збор за „модерен, најсовремен закон за миграција со кој сме предводници во светската конкуренција“, изјави Рем Алабали-Радован, сојузниот комесар за миграција, бегалци и интеграција.

Законот доцнеше со стапување на сила, а реформите предолго се занемаруваа, изјави за ДПА Алабали-Радован, додавајќи дека новиот закон стапува на сила во „5 до 12“.

Германија всушност од март 2020 година веќе имаше Закон за квалификувана имиграција, со кој тогашната влада на Ангела Меркел сакаше да го олесни пристапот на стручните работници од земјите надвор од ЕУ на германскиот пазар на трудот. Сега овој закон е реформиран, бидејќи на многу места и понатаму недостигаат кадри, особено квалификувани работници.

Законот во претходната верзија не ги постигна очекуваните резултати поради пандемијата, изјави Пау Палоп-Гарсија од Германскиот центар за истражување на интеграција и миграција ДеЗИМ. Покрај тоа, вели тој, дополнителен проблем се високите бирократски препреки за странците кои сакаат да работат во Германија.

Новина во новиот закон е воведувањето на таканаречената Карта на шанса заснована на бодовен систем. Критериумите за избор на имигрантите кои сакаат да работат и ќе ја изберат оваа опција се познавање на јазикот, работното искуство, возраста и поврзаноста со Германија.

Странските стручни работници во иднина ќе мораат годишно да заработуваат најмалку 43.800 евра бруто, а до сега тоа беше 58.400.

Предноста на новиот закон за висококвалификувани работници надвор од земјите на ЕУ е што во иднина ќе може да ги доведат во Германија со себе не само брачниот партнер и децата, туку и родителите и свекорот/свекрвата. Сепак, предуслов за ова е тие да имаат обезбедени средства за живот, бидејќи нема да можат да живеат од социјална помош во Германија.

Германските компании во моментов не можат да пополнат околу 1,73 милиони работни места и тие стојат отворени за работниците. Исто така, во просек на компаниите им требаат 153 дена за да се пополни слободното работно место. Ова е потешкотија за многу сектори, бидејќи не можат да најдат стручни работници и покрај растот на невработеноста и недоволниот број на вработени.

Негувателскиот сектор и занаетчиите од Германија очајно бараат работници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...