fbpx

Германците компирот како јадење го заменуваат со чипс

Вкупната потрошувачка на компири во Германија падна на најниско ниво од само 54,1 килограми по глава на жител во маркетинг годината 2022-23, која заврши во јуни

-

Германскиот апетит за компири продолжи да се намалува, дури и кога потрошувачката по глава на жител на преработени производи од компир, како што се чипсот и фабрички произведениот пржен компир достигна рекордно ниво, според новообјавените владини бројки, пишува германската новинска агенција ДПА.

Вкупната потрошувачка на компири во Германија падна на најниско ниво од само 54,1 килограми по глава на жител во маркетинг годината 2022-23, која заврши во јуни, се вели во извештајот на Федералниот институт за храна и земјоделство (BLE) објавен во петокот.

Тоа е пад од 28 отсто откако агенцијата почна да ја следи потрошувачката на компири во Германија во 1990-91 година, и најниски бројки досега, според агенцијата. Тогаш, просечниот Германец јадеше 75 килограми компири годишно, вклучувајќи и скоро 46 килограми свеж компир.

Портпаролката на агенцијата рече дека зголемената популарност на оризот и тестенините во Германија помогнала да се намали побарувачката за компири, кои традиционално се главен елемент на германската исхрана.

Но, производите од компир како чипс, фабрички произведен пржен компир и салата од компири се зголемија на популарност, иако Германците сè повеќе се оддалечуваат од свежиот компир. Во последната маркетиншка година, Германците поставиле нов рекорд по глава на жител во јадење на 37,9 килограми производи од компир – споредено со 29,1 килограм во 1990-91 година.

Минатата година, потрошувачката на свеж компир по глава на жител беше само 16,2 килограми, што е најниско од почетокот на евиденцијата во 1990-91 година.

Владината земјоделска агенција ја наведе зголемената побарувачка по ковид-19 пандемијата како една од причините за порастот на продажбата на преработени производи од компир. Повеќе луѓе повторно јадат надвор, рече портпаролката.

„Фактот дека производите од компири, особено замрзнатите производи, обично се подготвуваат побрзо од свежиот компир, исто така може да игра улога“, рече таа.

Земјоделците во Германија произведоа вкупно 10,7 милиони тони компири во изминатата година, што е за 5,6 отсто помалку од претходната година, поради високите горештини и сушата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...