Гејминг индустријата со најнови вести за љубителите на игри

Во продолжение проследете ги информациите од интерес на гејмерите

Фото: Sean Do on Unsplash

Во најновите гејминг вести неделава ви го преставуваме видеото од HonestCon за Starfield, известуваме за одењето во пензија на Сениор Арт директорот од Близард Семвајс Дидиер, освојувањето на Балдурс Гејт 3 за игра на годината на Golden Joystick Awards и ви прикажуваме уште неколку игри што се надежни, а се номинирани на истиот настан.

Неделните гејминг вести ги започнаме со пародијата- монтажа направена со гласови создадени од вештачката интелигенција, што и претходи на пародијата на Близкон за која имаме посебен напис, но овојпат на тема Starfield. Хумористичен пристап што ги потенцира сите работи што не се добри во најновата игра со патување низ вселената. Од чудни багови, преку недоволно сработени компатибилности со енџинот на играта што крашира и прави истакнување на блендови, до досадни празни планети – секоја базирана на различно годишно време како тропи во научната фантастика. Повелете и погледнете го видеото:

Семвајс Дидиер е човекот што го има измислено терминот Warcraft и е врвен илустратор и видео графичар и писател. По 32 години работа во Близард, тој реши да се пензионира. На неговиот YouTube канал наречен ABC with Samwise, тој направи видео во вид на “проштално писмо”, како и туториал за цртање, видео графика и боење.

Во него се употребува интересна техника за штедење време и перфектна симетрија,  каде се црта половина од лицето на лик, прави копи-пејст на превртената слика од лево кон десно и обратно, за да добие лик со правилни црти и ова го прави со Warcraft Orc, Diablo и Protos од Starcraft. Додека трае видеото, тој ја раскажува приказната за тоа како се вработил во Близард и има и други интересни моменти. Повелете и проследете го видеото:

Него го најмиле во Близард токму кога работел како редар во кино, а тоа што го натерало да го повлече вистинскиот чекор бил совет на неговата мајка да оди на интервјуто за работа. Семвајс Дидиер исто така има објавено и повеќе негови дела на Амазон. За пензионирањето и самиот вели дека тоа мора да го стори и дека последните три декади му биле засновани на “пиксели и полигони”.

Во другите вести, играта Балдурс Гејт 3 ја освои главната награда за игра на годината на настанот Golden Joystick Awards. Исто така и претендира да биде прогласена со истата титула и на сите други официјални гејминг шоуа за кои моментално има гласања низ целиот свет, а играта и нема некоја видна конкуренција. Ова е видео од целиот настан каде се спомнати и други игри што ги имаме покриено