fbpx

Србија на граничните премини инсталира кинески скенери забранети од САД и ЕУ

Компанијата Nuctech е впишана на црната листа на САД уште од 2020 година, додека во ЕУ повеќе од 50 пратеници од Европскиот парламент побараа Европската комисија да ја исклучи оваа компанија од тендерите со фонд од една милијарда евра за опремување на царинските контроли на Европската Унија

-

Министерството за внатрешни работи на Србија на граничните премини со соседните земји започна да поставува мобилни скенери од кинескиот производител Nuctech, кои се забранети во САД, а во ЕУ компанијата е пред постапка за исклучување од тендерите поради безбедносни причини, пренесува Радио Слободна Европа на македонски јазик.

Компанијата Nuctech е впишана на црната листа на САД уште од 2020 година, додека во ЕУ повеќе од 50 пратеници од Европскиот парламент побараа Европската комисија да ја исклучи оваа компанија од тендерите со фонд од една милијарда евра за опремување на царинските контроли на Европската Унија.

Повикот за претпазливост кон кинеската компанија се должи на стравувањата дека кинеските власти би имале пристап до патни и комерцијални информации за други земји преку опремата на Nuctech. Оваа компанија има блиски врски со највисокото раководство на Кина, а нејзината матична компанија е контролирана од државната кинеска Национална нуклеарна корпорација.

Српската полиција веќе инсталираше кинески мобилни скенери на граничниот премин Градина кон Бугарија.

Новите мобилни скенери од кинескиот производител Nuctech се кинеска донација и не се прв ваков аранжман на Србија со оваа компанија. Првиот договор меѓу Србија и Nuctech бил постигнат во 2009 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...