fbpx

Вучиќ најави докази за настаните во Бањска, Дачиќ призна дека згрешил кога рекол дека на видеото објавено од косовските власти се гледа снег

Дачиќ за белградските медиуми изјави дека тоа е негова грешка и дека не сака никому да наштети или да оправда некого

-

Спскиот претседател Александар Вучиќ денеска во видеобраќање на својот профил на Инстаграм изјави дека во рок од 24 часа на јавноста ќе ѝ бидат презентирани докази и изјави од очевидци кои биле на местото на вооружениот инцидент во селото Бањска во Косово минатиот викенд.

Изминатите седум дена, пред колку што и беше извршен нападот на северот на Косово, како што оцени српскиот претседател, се најтешки во последните 15 години.

„Најтешки се поради настаните на Косово и кампањата против нашата Србија, кампањата на лаги и невистини. Како што вели нашиот народ, не, снегот не паѓа за да ја покрие планината, туку за секое животно да си ги покаже трагите. Можевме да видиме дека имаме пријатели кои не се многубројни, но се храбри“, изјави Вучиќ.

Вучиќ го копира Донбас и го применува на Косово

Денес исто така се огласи и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. Тој како што пренесе Коссев.инфо изјави дека згрешил кога рекол дека на видеото објавено од косовските власти на кое се гледа Милан Радоичиќ се гледа и снег.

Дачиќ за белградските медиуми изјави дека тоа е негова грешка и дека не сака никому да наштети или да оправда некого. Тој рече дека е важно сите да бидат свесни дека настаните во Бањска се една од најтешките ситуации од 2004 година, дека Србите се изложени на теророт на косовскиот премиер Албин Курти Според него,  но и дека дел од меѓународната заедницата сака да ја префрли одговорноста само на Белград и Курти нема да го спроведе Бриселскиот договор и дека тој е единствениот виновен за ова што се случува. Тој додаде дека се поставува прашањето за акумулацијата на српската војска на административната линија и дека никој не прашува за косовските сили на северот на Косово.

Владата во Приштина доцна синоќа ги повика српските власти да ги повлечат своите воени сили од граничната линија со Косово. Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, во улога на претседавач со ОБСЕ, соопшти дека имал телефонски разговор  со Дачиќ, за како што вели загриженоста од трупањето на војска на границата помеѓу Србија и Косово.

Османи додава дека за поздравување е одлуката Србија да почне да ја повлекува војската додавајќи дека ОБСЕ е подготвено да помогне во намалувањето на тензиите.

Соединетите Американски Држави на 29 септември ја повикаа Србија да ги повлече силите од границата, нарекувајќи го нивниот потег „многу дестабилизирачки развој на настаните“.

Истиот апел Европската унија го упати до Србија ден подоцна преку шефот на дипломатијата Жозеп Борел.

Распоредувањето на српските сили долж границата со Косово се случи по нападот врз косовската полиција на 24 септември во Бањска кај Звечан. Косовската полиција тој ден беше нападната од група маскирани и вооружени лица, откако се обиде да отстрани два камиони поставени како барикади во правец на селото Бањска.

Тогаш беше убиен полицаецот Африм Буњаку, а во престрелката со напаѓачите, полицијата убила тројца напаѓачи од српска националност.

Косово го покажа запленетиот арсенал кај Бањска, Србија прогласи Ден на жалост

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...