понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Ивица Дачиќ | 69 резултати

Дачиќ се дистанцира од предизборното видео со „зомби“ анимација и музика од Балашевиќ

јуни 2, 2020

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ се дистанцира од предизборниот спот кој на Твитер го објави Бранко Ружиќ, потпретседател на Главниот одбор на неговата партија. Обајцата политичари се и министри во коалиционата влада на Република Србија. Дачиќ е прв потпретседател на владата и министер за надворешни работи, додека Ружиќ е министер за […]

Вучиќ за неуспехот на Косово во Интерпол: Србија победи, но да не се понижува Приштина

ноември 20, 2018

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека, одбивањето на барањето за членство на Косово во Интерпол е успех на Србија („мала, пркосна и горделива земја“), но дека поради тоа не треба да се биде еуфоричен и да се понижува Косово, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. „Ние ја подобривме меѓународната позиција, но не смееме во […]

Дачиќ: Србија нема да го признае Косово поради „европскиот морков“

октомври 26, 2018

Реагирајќи на изјавата на германскиот пратеник Петер Бајер дека „Србија не може да биде дел од ЕУ додека не ја признае ,де јуре‘ независноста на Косово“, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска порача дека „Србија нема да ги згази својот Устав и образ признавајќи ја лажната држава Косово поради некаков европски морков“. – […]

Дачиќ: Нема потреба Србија да ги коментира одлуките на Собранието

октомври 22, 2018

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска порача дека одлуката на македонското Собрание да го почне процесот на менување на Уставот е внатрешна работа на Македонија која што нема потреба Србија да ја коментира. -Ги почитуваме народот и државните органи. Им посакувам се најдобро на Грција и Македонија, но тоа се внатрешни прашања… […]

Навршуваат 18 години од уривањето на Милошевиќ, „камарадите“ уште на позиции

октомври 5, 2018

Пред 18 години големите демонстрации во Белград на 5 октомври доведоа до уривање на режимот на Слободан Милошевиќ. Сепак, значителен дел од луѓето во неговата гарнитура денес се на високи позици во Србија. Демонстрациите почнаа кога Милошевиќ, тогашниот претседател на СР Југославија одби да ги признае резултатите од изборите на 24 септември 2000 година за […]

Амбасадорот на САД во Србија: Лидерите на Македонија и Грција покажаа храброст

септември 20, 2018

Според амбасадорот на САД во Србија, Кајл Скот, дијалогот на Белград и Приштина, спорот на Македонија и Грција околу името и опстанокот на БиХ како држава се „трите критични проблеми“ во регионот, но не се нерешливи. – Ја гледаме храброста на лидерите на Македонија и Грција во постигнувањето на спогодбата за името на Македонија, што […]

Дачиќ: Никогаш нема да го признаеме Косово и да му ги дадеме Прешево, Бујановац и Медвеѓе

септември 17, 2018

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска изјави дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, ниту ќе дозволи спојување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац кон Косово. „Тие не сакаат да зборуваат за корекција на границите, а сакаат да зборуваат за Прешево и Бујановац. Знаете ли кога ќе ги признаеме, […]

Дачиќ: Не и честитавме на Македонија бидејќи нема за што да се честита

јуни 21, 2018

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вели дека официјален Белград не ѝ честитал на Македонија за договорот со Грција, бидејќи нема што да се честита, иако, како што вели Србија има позитивен став околу целиот договор. Според него, решението до кое дојдоа двете земји е билатерално прашање и Србија нема потреба да се вклучува. […]

Коѕиас по средбата со Дачиќ: Направен е чекор напред во преговорите на Грција и Македонија

април 11, 2018

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по денешната средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Белград изјави дека во преговорите на Грција и Македонија за спорот за името е направен чекор напред, како и дека клучот за решавање на проблемот се „реализмот, прагматизмот и сфаќањето дека треба да се направат компромиси“, пренесуваат српските […]

Лавров: Русија ќе ги брани легитимните интереси на Србија

април 3, 2018

Русија е подготвена и понатаму на српските партнери да им дава поддршка во одбраната на легитимните национални интереси во однос на Косово, пред сè во меѓународните структури, му напишал шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на својот српски колега Ивица Дачиќ. Во врска со акцијата на РОСУ на косовската полиција во Косовска Митровица и апсењето […]

Еди Рама нема намера да провоцира, Ивица Дачиќ не сака „трет играч“

ноември 28, 2017

Целта на заедничката седница на владите на Косово и на Албанија не е да се провоцираат другите, изјави албанскиот премиер Еди Рама во Корча, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има храброст да ја организира седницата во српскиот дел на Митровица. На заедничката прес- конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по седницата на двете влади, […]

Мадагаскар ја призна независноста на Косово, соопшти Пацоли на „Твитер“

ноември 26, 2017

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, изјави дека Мадагаскар ја признал независноста на Косово, на маргините на министерската конференција на Меѓународната организација на франкофонијата во Париз. Пацоли информацијата ја објави на својот твитер-профил. „Задоволство ми е да објавам дека Мадагаскар го призна Косово како независна и суверена држава“, напиша шефот на косовската дипломатија […]

Дачиќ смета дека треба да има меѓународна конференција за Косово

ноември 5, 2017

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, смета дека е потребно да се организира нова меѓународна конференција за да се најде решение за Косово, што би спречило евентуална војна во иднина. На конференцијата, според Дачиќ, би учествувале ЕУ, САД и Русија. – Србија, која Косово и Метохија исторски ги смета за нејзин нераскинлив дел, […]

Светот глув на прогласувањето независност на Каталонија

октомври 27, 2017

Србија, САД, Германија и Франција денеска соопштија дека ја поддржуваат владата на Шпанија и не го поддржуваат прогласувањето независност на Каталонија. Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека за Србија објавувањето на независноста на Каталонија нема правен легитимитет. – Србија го поддржува шпанскиот територијален интегритет и оваа акција не е во согласност со […]

Македонската Влада не била инволвирана во разузнавањето, утврдиле Димитров и Дачиќ

август 25, 2017

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ денеска во Ниш разговараа за последните случувања на релација Белград – Скопје, по обвинувањата од српските власти за офанзивни разузнавачки активности против Србија. Министрите, како што соопштија на прес-конференцијата, детално ги разгледале доказите, по кои Белград го повлече персоналот на српската […]

Димитров и Дачиќ денес во Ниш ќе ги затоплуваат односите

август 25, 2017

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Ниш ќе се сретне со својот српски колега Ивица Дачиќ, во рамките на обидите за затоплување на односите меѓу Македонија и Србија. По средбата, двајцата министри ќе одржат заедничка прес-конференција. Средбата во Ниш следи по телефонскиот разговор на премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ, на […]

Димитров и Дачиќ задутре во Ниш ќе ги затоплуваат меѓусоседските односи

август 23, 2017

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и неговиот српски колега Ивица Дачиќ денеска ги поздравија принципите за надминување на тензиите меѓу Србија и Македонија, договорени од македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Дачиќ во телефонскиот разговор со Димитров соопштил дека вработените во српската амбасада утре ќе се вратат во Скопје и дека […]

Димитров: Владата не дала наредби за разузнавачки активности против Србија

август 22, 2017

Владата ниту имала намера, ниту пак дала наредби да се вршат разузнавачки активности против и на штета на некоја од соседните држави, вклучувајќи ја и Србија, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димотров, на денешната прес-конференција, одговарајќи на обвинувањата на неговиот српски колега Ивица Дачиќ дека српските дипломати во Скопје биле прислушувани, заплашувани и следени. […]

Дачиќ: Порака за Македонија – знаеме што сте договарале

август 22, 2017

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека одлуката на Србија да го повлече персоналот од амбасадата во Македонија всушност преставува порака до Скопје дека Србија „знае што се договарале и што се договориле“. Тоа, како што истакна Дачиќ, не е нешто што им се прави на пријателите, но дека и покрај тоа Србија […]

Владатa без избрзани заклучоци ги поздрави најавите на Белград за пријателски односи

август 21, 2017

Владата попладнево соопшти дека без да носи избрзани заклучоци во врска со повлекувањето на целокупниот персонал од амбасадата на Србија во земјава на консултации во Белград, ги поздравува најавите на официјален Белград за „заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки“ „Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Новата […]

Страна 1 од 4