Таг: Србија

таг: Србија

Личен став на поранешен јапонски дипломат злоупотребен за сеење страв за распад на Украина

Во текст преземен и преведен од српскиот Спутник, објавата ја извртува вистината и шири неколку дезинформации. Прво, цитиран е бивши јапонски дипломат чие мислење во никој случај не е официјален став на Јапонија. Во текот на целата руско-украинска војна, Јапонија има дециден став на поддршка на Украина. Второ, не е точно дека само Путин и Русија даваат предлози за...

Какофонија од повеќе наративи кои креираат теорија на заговор за климатските промени

Наспроти тврдењето во објавата, во Договорот потпишан во 2005 година меѓу Драшковиќ и НАТО,  авионите на НАТО добиле дозвола да прелетуваат над територијата на Србија и Црна Гора не за да запрашуваат со хемикалии или вируси, туку за транзитни аранжмани за поддршка на мировни операции во делокругот на НАТО дејствувањето. Научната заедница од петни жили се труди да им објасни на...

Мицкоски не кажал дека приоритет ќе му биде гасоводот со Србија

Иако Христијан Мицкоски зборувал за дополнителни интраконектори кон централна и централно-источна Европа, сепак од тоа не може да се изведе заклучок дека  кажал оти приоритет на Владата ќе биде поврзување со гасоводот во Србија. Ова тврдење е неточно. Пребарувањата на медиумските написи, како и говорите и обраќањата на Мицкоски не даваат резултати дека тој после изборите воопшто зборувал за...

„Мирдита, добар дан“: Србија забрани соработка на српските и косовските уметници

Младинската иницијатива за човекови права во Србија вчера соопшти дека добила известување од тамошното Министерство за внатрешни работи оти се забранува фестивалот во нивна организација „Мирдита, добар дан“. Забраната за фестивалот, како што велат од таму, била објавена во форма на наредба и во неа се барало да бидат прекинати сите активности кои се дел од настанот. „Со оваа наредба, Министерството...

Косово онлајн и српската влада: Сојуз на дезинформации

Дезинформациите кои доаѓаат од владата на Србија за Косово станаа редовни и речиси истите наративи се рециклираат. Од јануари годинава се врати наративот за протерување на српските граѓани од Косово. На почетокот на февруари стапи на сила правилникот на Централната банка на Косово, со кој еврото е единствената валута со која може да се вршат готовински трансакции. Ова направи...

„Ја удираше со главата на подот и ја клоцаше“: Во Србија за еден ден родители нападнаа две наставнички

Во основното училиште „Јован Дучиќ“ во Нов Белград вчера мајка на петтоодделенец физички ја нападнала наставничката поради оценките на нејзиното дете. Жената била пренесена во болница, наставата била прекината, а децата пратени дома. Вработените, како што пренесува Н1, се крајно вознемирени поради, како што велат, уште еден од низата напади врз колегите. „Инцидентот се случил за време на вториот час....

Вучиќ прогласи победа на локалните избори во Србија, опозицијата на протест во Нови Сад

Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на Српската напредна странка на локалните избори, објави ТВ Н1. „Имавме мнозинство во Белград и по декемвриските избори, но сметавме дека тоа не е доволен легитимитет бидејќи некои не сакаа коалиција со нас. Сега наместо 54 мандати ќе имаме 62-63“, рече Вучиќ. „Во Белград нашата листа ќе има 52 отсто, што е неверојатна победа, неверојатна...

Инцидент во Новосадскиот саем за време на изборите во Србија, откриен „кол центар“ на СНС?

Претставници на опозицијата и активисти се туркаа со полицијата пред салата на Новосадскиот саем за време на денешните локални избори во Србија, јавува ТВ Н1. Опозиционерите се обиделе да влезат во салата каде, како што се сомневаат, се наоѓа „кол центар“ на Српската напредна странка (СНС). Додека опозиционерите и активистите се расправале со полицијата, од другата страна на салата,...

Во Србија се одржуваат локални избори, во Белград се прегласува по скандалот во декември

Утрово во 7 часот се отворени избирачките места за локални избори во 89 градови и општини, меѓу кои Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево и повеќето општини во Војводина. Избирачките места се затвораат во 20 часот. Денеска, повеќе од 4,2 милиони граѓани на Србија можат да го искористат своето право на глас на локалните избори кои се одржуваат во 67...

Српска судијка го тужеше КРИК, бара затворски казни и забрана за работа на новинарите

Судијка од Апелацискиот суд во Белград поднела тужби против српската новинарска организација за истражување на криминал и корупција КРИК поради базата на податоци „Процени кој суди“ (Prosudi ko sudi) во чии рамки новинарите ја истражувале работата на судството, вкличително и нејзината работа. Во двете тужби што судијката Душанка Ѓорѓевиќ ги поднела со нејзиниот сопруг, адвокатот Александар, покрај паричен надомест, бара...

Не е точно дека во Резолуцијата за геноцид во Сребреница, Србите се прогласени за „геноциден народ“

Резолуцијата го осудува негирањето на геноцидот и величењето на воените злосторници. Со Резолуцијата се предлага 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница. Во официјалниот текст на Резолуцијата за геноцид во Сребреница никаде не се споменува ниту српскиот, ниту било кој друг народ, а уште помалку се прогласува за „геноциден“, пишува...

ЦИНС: Мистериозен увоз на СНС од речиси три милиони евра

Роба вредна речиси три милиони евра, увезена од Српската напредна партија (СНС), пристигнала во Србија со три одделни летови на почетокот на 2022 година, покажува истражувањето на Центарот за истражувачко новинарство на Србија (ЦИНС). Царинските податоци што ги добил ЦИНС покажале дека промотивните материјали на СНС пристигнале во Белград од Узбекистан, Турција и Кина преку Русија во периодот од 28...

Куршумлија: Се урна вртелешка, повредени се 13 деца, од кои едно потешко

На саем во Куршумлија, Србија, се откорна дел од конструкцијата на вртелешка, при што се повредени тринаесет деца од кое едно потешко, пренесува српската РТС. Тринаесетгодишно девојче се здобило со тешки повреди и е во животна опасност. Таа е испратена на лекување во Клиничкиот центар во Ниш, потврдила за РТС директорката на Здравствениот дом во Куршумлија, Уранија Петровиќ. Таа изјави дека...

Стејт департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица беа предложени за функции во Владата на Србија

„Ние сме разочарани што гледаме две санкционирани лица номинирани за позиции во новата влада“, вели портпаролот на Стејт департментот во писмена изјава за Гласот на Америка на српски јазик. Според најавите на мандатарот Милош Вучевиќ, новата Влада на Србија ќе има и двајца членови кои се под санкции на САД: Александар Вулин, кој е предложен за вицепремиер и Ненад...

Бомба во Ниш тешка еден тон од 1999 година отстранета од градилиште

Бомба од авион во градилиште во Ниш беше успешно отстранета од страна на српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесува Радио Слободна Европа. Бомбата датира од 1999 година, од бомбардирањето на НАТО врз Сојузната Република Југославија. Бомбата е отстранета надвор од градот. На 1.300 граѓани кои беа евакуирани им е дозволено повторно да се вратат во своите домови. Станува збор за...

Фотографија од погрешен човек објавена како да е од осомничен за убиството на малата Данка

Во повеќе објави на Фејсбук споделена е погрешна фотографија на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Србија. „Вистиномер“ се обрати кај Бранислав Јанковиќ и тој потврди дека неговата фотографија е злоупотребена, дека не е осомничен за убиството, туку е објавен по грешка и дека размислува да дали ќе ги тужи медиумите за штетата што му...

Бајага и обожавателите прославија 40-години од албумот „Позитивна географија“ и првиот концерт на „Инструктури“ во Скопје

Вчера, на 6 април, српската и некогашна југословенска група „Бајага и инструктори“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје го повтори својот прв концерт одржан на истото место 40 години претходно. На сцена заедно со фронтменот Момчило Бајагиќ – Бајага беа и членовите на легендарната постава од осумдесеттите, гитаристот и пејач Живорад Миленковиќ – Жика и клавијатуристот Александар Локнер, кои...

Заврши потрагата по Данка, осомничените за убиство ја прегазиле со автомобил, па го фрлиле телото на депонија

Двегодишната Данка Илиќ од српскиот град Бор, која се водеше како исчезната од 26 март, била убиена со автомобил, а две лица се приведени под сомнеж дека го прегазиле девојчето, соопшти српското Министерство за внатрешни работи, а пренесува Н1. Уапсени се лицата С.Ј. (50) и Д.Д. (50), кои работеле во Јавното претпријатие Водовод во Бор. „С.Ј. е осомничен дека на улицата...

Mлади од Македонија, Србија и Албанија учесници во програма за истражување на младински политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата, младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија, говореа за активностите и областите во кои ги насочуваат нивните капацитети, во рамки на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти. Младите го информирале претседателот и...

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Црна Гора, почувствуван и во Македонија и регионот

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу 4 часот ги разбуди граѓаните на Црна Гора, а беше почувствуван во повеќе држави во регионот. Црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија извести дека бил регистриран силен земјотрес со епицентар на пет километри југозападно од Чараѓе во Општина Никшиќ, јави црногорскиот весник „Побједа“. Засега нема податоци за евентуална штета, а...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...