fbpx

Потпишан договорот за заеднички железнички граничен премин со Србија

Фатих Туркменоглу, Директор на ЕБОР за Северна Македонија, изјави дека подобрената железница - побезбеден и позелен начин на транспорт - не само што ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе отвори нови економски и трговски можности, туку и ќе помогне во решавањето на енергетската криза

-

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) помагаат во зајакнувањето на регионалната интеграција и поврзаноста во Западен Балкан преку изградба на првиот заеднички железнички граничен премин, помеѓу Северна Македонија и Србија, соопшти ЕБОР.

Новиот заеднички железнички граничен премин ќе биде изграден на железничката рута Коридор 10 кој е дел од проширената Трансевропската транспортна мрежа (ТЕН-Т) на регионот на Западен Балкан.

„Заедничкиот граничен премин ќе ја подобри ефикасноста, ќе го намали времето на чекање на границата и ќе го олесни патувањето за луѓето и транспорт на стока. Нови капацитети ќе се користат од страна на институциите од двете земји што ќе придоне во оптимизација на граничните процедури и царинската контрола“, соопштија од ЕБОР.

Проектот е финансиран со заедничкиот финансиски пакет, кој се состои од ЕУР 5 милиони кредит од ЕБОР и ЕУР 2,5 милиони грант обезбеден од Европската Унија преку Инвестициската Програма за Западен Балкан (ИПЗБ).

Фатих Туркменоглу, Директор на ЕБОР за Северна Македонија, изјави дека подобрената железница – побезбеден и позелен начин на транспорт – не само што ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе отвори нови економски и трговски можности, туку и ќе помогне во решавањето на енергетската криза.

Давид Гир, Амбасадор на ЕУ во Северна Македонија, изјави дека благодарение на значајната инвестиција на Тимот Европа, би требало да се намали времето на поминување на границата, со што ќе го направи патувањет со воз поатрактивно долж самиот Коридорот 10, кој е витален во насоката север-југ.

Министерот за Финансии, Фатмир Бесими, изрази задоволство од континуираната поддршка што ја добива земјата од ЕБОР и ЕУ.

„Со денеска потпишаниот договор добиваме 7,5 милиони евра за реализација на проектот за воспоставување заеднички железнички премин со Република Србија и тоа е дел од големиот пакет од над 700 милиони евра за реализација на крупни инфраструктурни проекти, а за кои беа усвоени и законските решенија оваа недела во Собранието“, истакна Бесими.

„Ова е чекор напред кон заедничката иницијатива на Република Србија за брз и ефикасен транспорт на добра и патници. Министерството за транспорт и врски е подготвено и очекува следната година да започне изградбата на заедничката железничка станица”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Воспоставувањето на заедничкиот граничен премин се идентификуваше како главен инвестициски приоритет за подобрување на регионалниот развој и зголемување на свеста во регионот на Западен Балкан од бенефитите на подобрена и ефикасна поврзаност со железницата. Тој претставува еден од клучните инвестициски приоритети, кој е вклучен во Националната транспортна стратегија на Северна Македонија (2018-2030), а е дел од Акцискиот план за транспортната заедница за земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...