понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: железничка пруга | 18 резултати

Во пожар изгореа 1.000 прагови од пругата Велес-Битола, возовите не сообраќаат

септември 25, 2023

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола е во прекин поради пожарите во Пелагонискиот регион, кои уништиле околу 1.000 прагови од пругата на повеќе локации, информираат денеска од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура. „Стручните служби на ЖРСМ Инфраструктура работат интензивно на терен за отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. Поради овие причини сообраќајот […]

Локвенец-Папукчиски: Обезбедени се средства за железничката пруга Софија-Скопје

јуни 11, 2021

Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност, рече генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец на денешната средба во Скопје со бугарскиот колега Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за Железна и патна инфраструктура (ДК НКЖИ) на […]

Бочварски: Санирана штетата на пругата кај Куманово, од утре повторно ќе биде во функција

мај 4, 2021

Железничката пруга што беше оштетена кај Куманово поради излизгување на товарниот воз во четвртокот, од утре ќе биде повторно ставена во функција, информира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој денеска заедно со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид на санацијата на 250 метри пруга што беше оштетена. Бочварски рече дека […]

По втор пат за седум месеци, излета од шини патничкиот воз на линијата Скопје-Кочани

февруари 9, 2021

За само седум месеци, втора железничка несреќа во која учествувал патничкиот воз Скопје-Кочани. Сообраќајќи со десетина патници, вчера околу 17:20 часот овој воз излетал од шините во Овче Поле, јавува СДК.МК. Медиумите пишуваат дека во несреќата немало повредени лица, но засега МВР нема објавено повеќе детали за железничката несреќа. Од објавените фотографии што можат да […]

РЕПОРТАЖА: Црно ѝ се пишува на пругата Велес-Кочани по завршувањето на новите патишта на Истокот

октомври 18, 2020

Од Скопје до Штип со автомобил се стасува за 45 минути по новиот автопат којшто лани беше пуштен во употреба. Наредната година ќе биде отворен целосно за сообраќај и експресниот пат Штип-Кочани, по кој меѓу главниот град и Кочани ќе може да се стигнува за помалку еден и пол час. Источниот дел од Македонија како […]

Пругата кон Албанија поделена во две фази, владата ќе бара средства за делот од Кичево до Струга

септември 23, 2020

Проектот за изградба на железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија ќе се одвива во две фази. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на оваа пруга и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства […]

Првиот патнички воз успешно ја тестираше пругата Битола – Кременица

април 16, 2019

Успешно помина првичното тестирање на пругата од Битола до Кременина на македонско – грчката граница. Патнички воз на Железници на РСМ – Транспорт денеска направи пробно возење на пругата долга 17 километри. Екипите ја тестираа поставената сигнализација долж целата траса, вклучувајќи го и работењето на семафорите на влезот и излезот од железничките станици и рампите […]

Потпишани меморандуми за грчка поддршка за ЕУ реформите и подобро сообраќајно поврзување

април 2, 2019

На седницата на Високиот Совет за соработка меѓу Северна Македонија и Грција во владата денеска, премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, го потпишаа Акцискиот план за зголемување на соработката, според Договорот од Преспа, а министри од двете влади потпишаа низа важни меморандуми. Како што известија од Владата, министрите за одбрана Радмила Шекеринска […]

Возот од Битола кон Грција ќе може да тргне напролет

февруари 28, 2019

Приближно 95% од градежните работи за изградба на пругата од Битола до Кременица на македонско – грчката граница се завршени. Во претстојните месеци треба да се изведат завршните работи за инсталација на опремата за сигнализација и телекомуникација, пристапните патишта и приклучувањето на железничките објекти на електрична енергија, водоводна и канализациона мрежа. „Завршување и комплетирање на […]

Мостот кај Градско е саниран, железничкиот сообраќај пуштен во употреба

ноември 7, 2018

Бетонскиот мост на железничката пруга кој се наоѓа меѓу станицата Градско и крстосница Кукуричани, поради кој железничкиот сообраќај на Kоридорот 10 беше во прекин, е комплетно саниран и од вечерва сообраќајот на овој дел ќе биде пуштен во употреба, информираа од МЖ „Инфраструктура“. „Пред пуштање на мостот за сообраќај, санацијата е извршена во специфични услови при што се извршени специјални прегледи и испитувања со пробно товарење согласно на член […]

Нова тужба до грчката влада поради ситуацијата на Идомени

мај 21, 2016

Претседателот на стопанската комора на Кукуш, Павлос Тоникидис поднесе тужба до локалниот суд адресирана до сите одговорни за ситуацијата на Идомени поради двомесечната блокада на железничката пруга. Тоникидис во тужбата потенцира дека блокадата и нефункционирањето на железничката линија им создава огромна финансиска штета на извозниците, но и општо на сите трговци и бизнисмени од Кукуш. […]

Повреден бегалец и нови судири со полицијата на Идомени

април 19, 2016

Тензиите не стивнуваат во бегалскиот камп на Идомени. Бегалец од Сирија вчера беше повреден кога под нејасни услови беше прегазен од полициско возило, трагичен инцидент, кој доведе до нови судири меѓу бегалците и полицијата во кампот. Повредениот бегалец заврши во болница со тешки повреди, а бегалците во знак на револт демолираа полициско возило. Тензијата продолжува […]

Поради дефект на словенечката железница, затворена неутралната зона кај Идомени

јануари 20, 2016

Дефект на железничката инфраструктура во Словенија е причината за затворењето на неутралната зона за премин на мигранти, меѓу Грција и Макединија, во реонот на граничниот премин Идомени, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. – Бевме известени од другите земји од т.н. западно-балканска рута да го редуцираме бројот на мигранти поради дефект на железничката […]

Гевгелиски таксисти ја блокираа пругата поради забраната да превезуваат мигранти

декември 9, 2015

Здружението на лиценцирани такси-превозници „Авто-таксисти“ од Гевгелија, утрово, во 10 часот, почнало протест поради забраната да се превезуваат мигранти од Гевгелија до Куманово, информира Министерството за внатрешни работи. Членови на здружението, со своите такси-возила и со жив штит, ја блокирале железничката пруга кај железничкиот мост на Сува река. Како што информираат од МВР, таксистите ги […]

Страна 1 од 1