fbpx

Возот од Битола кон Грција ќе може да тргне напролет

-

Приближно 95% од градежните работи за изградба на пругата од Битола до Кременица на македонско – грчката граница се завршени. Во претстојните месеци треба да се изведат завршните работи за инсталација на опремата за сигнализација и телекомуникација, пристапните патишта и приклучувањето на железничките објекти на електрична енергија, водоводна и канализациона мрежа.

„Завршување и комплетирање на работите на пругата како целосен функционален објект се планира до крајот на март односно почетокот на април, по што ќе следи технички прием и пуштање во функција на пругата за сообраќај на возови“, посочуваат за „Мета“ од Македонски железници – Инфраструктура.

Во изминатата година беа завршени најголем дел од градежните работи на пругата долга 17 километри. Со проектот се изградија 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и објект за сигнализација и телекомуникации на потегот меѓу Битола и Кременица. Зафатот вреден 17,2 милиони евра е финансиран со грант од Европската Унија (6 милиони евра) и со средства од државниот буџет (11 милиони евра).

Пуштањето во употреба на оваа пруга од Коридорот 10д ќе овозможи повторно воспоставување на редовна железничка линија од Битола до Лерин, но и поврзување на пелагонискиот регион со солунското пристаниште. Од Македонски железници – Транспорт веќе информираа дека се во преговори со грчката железничка компанија TrainOSE за воведување на патнички возови меѓу Битола и Лерин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...