Бочварски: До крајот на годината јавен повик за изградба на третата фаза од пругата на Коридор 8

Изградбата на железничка пруга од Куманово до Крива Паланка и во следна фаза до границата Деве Баир, инвестиција од преку 700 милиони евра е сериозен чекор во развојот на регионалната железничка мрежа, рече министерот за транспорт Бочварски

-

До крајот на годината очекувам да го распишеме јавниот повик за изградба на третата фаза на пругата на Коридор 8, односно од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Исто така очекувам многу брзо пратениците да ги изгласаат законите за заем од меѓународните финансиски институции и со тоа да ја заокружуме финанисиската конструкција за изградба и на последниот дел од пругата, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на ЖРСМ Инфраструктура Зоран Трифуновски, извршија увид на изградба на пругата од Куманово до Бељаковце.

Делницата од Куманово до Бељаковце е во должина од 31 километар, а инвестицијата чини 40 милиони евра. Втората фаза, од Бељаковце до Крива Паланка е во вредност од 155 милиони евра за изградба на 34 километри нова пруга.

„Изградбата на железничка пруга од Куманово до Крива Паланка и во следна фаза до границата Деве Баир, инвестиција од преку 700 милиони евра е сериозен чекор во развојот на регионалната железничка мрежа. Тргнувајќи од важноста на Коридор 8 како дел од европската транспортна мрежа, изградбата на оваа пруга е предуслов за одржлив економски развој не само за нашата земја, туку и за целиот регион“, рече Бочварски.

Според него, од денешниот увид било заклучено  дека градежните работи на железничката делница Куманово-Бељаковце се одвиваат според предвидената динамика, со 44% реализација.

„Вложувањето во сите три фази на источниот крак од железничкиот Коридор 8, претставува најголемата инвестиција во железничката инфраструктура од осамостојувањето до денес”, изјави директорот на ЈП ЖРСМ Зоран Трифуновски.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...