fbpx

Ковачевски од Брисел: Единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и про-руската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и ЛЕВИЦА

Оваа работна посета на Брисел можеше да изгледа сосема поинаку. Можевме да дојдеме и победнички, гласно и јасно да кажеме дека ние продолжуваме со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ и дека го продолжуваме нашиот евроинтеграциски пат, изјави премиерот од Самитот на ЕУ

-

И овде во Брисел потенцирав дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и од тој процес не отстапуваме, изјави премиерот Димитар Ковачевски на Самитот на ЕУ, за кој вели дека бил одлична можност на највисоко ниво да се говори за заедничката европска иднина на земјите од Западен Балкан.

„Овој Самит е одлична можност земјите од регионот да продолжиме со успешна соработка за надминување на заедничките предизвиците и само со цврсти меѓусебни врски помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија можеме да учествуваме како едно, исклучиво во интерес на граѓаните и перспективите на државите од регионот“, рече Ковачевски.

Тој вели дека од страна на Европската Унија било искажано задоволство од високото ниво на професионализам и подготвеност на сите членови на делегациите кои што учествуваа со своите 850 презентации на над 100 состаноци на скрининг процесот во текот на изминатата година и половина.

„Како никогаш досега постои подготвеност за проширување на ЕУ, тоа од секогаш имало геополитички аспект, ако ги погледнете сите проширувања во минатото тие биле проследени со геополитички моменти и аспекти кога се склучувале. Но, во овие моменти суштински е да се зајакне и европската безбедност и стабилност дополнително. Тој процес на пристапување може да биде забрзан но тоа ќе биде засновано на заслугите на секоја земја поединечно и подготвеноста да ги носи одлуките кои треба да се донесат“, изјави Ковачевски.

Ковачевски имал средби со домаќинот, Шарл Мишел, со претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, Роберта Мецола, како и со лидерите на земјите членки на ЕУ и лидерите на земјите од Западен Балкан, каде што се разговарало за соработката, но и за заедничката подготвеност за одговор на сите предизвици.

Фото: Влада на РСМ

„Морам да напоменам дека оваа работна посета на Брисел можеше да изгледа сосема поинаку. Можевме да дојдеме и победнички, гласно и јасно да кажеме дека ние продолжуваме со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ и дека го продолжуваме нашиот евроинтеграциски пат.  Но, се потврди дека единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и про-руската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и ЛЕВИЦА“, рече тој и додаде:

„Нека им служи на чест на овие партии и политичари, а на граѓаните да им служи на ум и сами да проценат кој за каква иднина за граѓаните и државата се бори“.

Премиерот изјави дека и покрај ова, во Брисел за земјава имало позитивни дискусии и натамошна поддршка од европските лидери за трасираниот пат на Северна Македонија кон Унијата.

„Тоа е многу јасно наведено и во заклучоците на ЕУ каде јасно стои дека Северна Македонија штом го исполни својот услов за спроведување на амандманите во уставот, веднаш ќе биде одржана втората меѓувладина конференција“, изјави Ковачевски од Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...