fbpx

Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

Рускиот претседател кажа дека воената помош за Украина од запад се намалува и дека земјата ќе остане без странско оружје за да се спротивстави на руската инвазија

-

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска ја одржа првата прес-конференција откако Русија војува со Украина. Тој кажа дека суверенитетот на неговата земја е под закана и дека самото постоење на нивната земја без суверенитет е невозможно, пренесува Гардијан.

„Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели. Целите не се сменија. Денацификација на Украина, демилитаризација на Украина“, изјави тој.

Тој тврди дека воената помош за Украина од запад се намалува и дека земјата ќе остане без странско оружје за да се спротивстави на руската инвазија.

„Украина не произведува речиси ништо, сè доаѓа од запад, а донациите ќе ги снема еден ден, и се чини дека веќе се случува тоа“, вели тој.

На прашање за поправка на односите со Европа и САД, тој одговара дека е отворен за подобрување на односите, но и дека Русија не прави ништо лошо со инвазијата на Украина.

„Ги уништија односите со нас и секогаш се обидуваа да нè туркаат на второ или трето место, игнорирајќи ги нашите интереси“, изјави рускиот претседател.

Тој ги пофали Виктор Орбан и популистичкиот премиер на Словачка, Роберт Фицо. Оцени дека тие не се про-руски политичари, туку дека се про-националисти.

Дополнително, Путин ги осуди САД дека имаат „империјалистичкото“ однесување, но дека се подготвени да ги подобрат односите со нив бидејќи се земја која е неопходна на светот, а водењето на империјалната политика ги попречува.

Тој изјави дека 617.000 руски војници моментално се борат во Украина. Според претседателот, околу 244.000 од нив се војници кои биле повикани да се борат заедно со професионалните руски воени трупи.

Путин кажа и дека 1.500 мажи се регрутираат во армијата секој ден низ целата земја, како и дека до вчера имало вкупно 486.000 војници кои потпишале договор со руската војска.

Рускиот претседател е убеден и дека ја подобруваат позицијата низ целиот фронт во Украина. На прашање за украинските обиди да обезбедат упориште на левиот брег од реката Днипро, Путин вели дека истото е последен обид за Украина да ја оживее својата контраофанзива.

Уште од почеток на војната украинската контраофанзива немала успеси за тој дел и по повеќемесечни припреми и поддршка од сојузниците.

„Мислам дека ова е глупаво и неодговорно од лидерите на земјата. Но, тоа е нивна работа“, искоментира Путин.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...