fbpx

Со новиот закон ќе може да се отвораат фарми за производство на месо од дивеч

Собранието го усвои Законот за дивеч и ловство, кој дава можност за формирање на полигон за лов на ситен дивеч од вештачко производство, како и законска можност за формирање на фарми за производство на месо од дивеч

-

Собранието го усвои Законот за дивеч и ловство, законско решение кое усогласено со регулативите на Европската Унија, соопшто Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

„Со донесувањето на овој закон се излегува од досегашните концесиски рамки, бидејќи дивечот како таков е делумно обновлив ресурс, па во иднина дивечот се предвидува да се дава на користење и управување, наместо на концесија како што беше досегашното законско решение, и тоа на период до 20 години. Ваквата измена е во насока на трајноста во одгледувањето, заштитата и неговото користење“, велат од МЗШВ.

Предност при доделата на дивечот во ловиштата на користење, при исти услови, би имале досегашните концесионери на дивечот, а кои припаѓаат најмногу на ловечките друштва.

Новиот Закон за дивечот и ловството предвидува поголеми јавни овластувања за Ловечката федерација на Македонија. Од безбедносен аспект, со новиот закон, се предвидува задолжителна обука пред полагањето на ловечкиот испит, посебно во делот на безбедноста при ловот. Понатаму со новиот закон се предвидува одредба со која флуросцентните маркер елеци стануваат задолжителни при лов на дивеч.

Новост е и тоа што ловната сезона на дивата свиња започнува порано, односно се предвидува да започне на 1 мај, а се лимитира бројот на дозволен застрел по ловец на ден за одделни видови на дивеч.

Законот за дивечот и ловството дава можност за формирање на полигон за лов на ситен дивеч од вештачко производство, како и законска можност за формирање на фарми за производство на месо од дивеч. На овој начин се допринесува во развојот на ловниот туризам, како и можност за производство и промет на месо од дивеч.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...